02 Мај, 2024
0.0354

На Балканот живеат најмалку емотивни и чувствителни лица

Објавено во: Стил 21 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Резултатите од последното истражување на Галуп во врска со степенот на емотивноста на народите во светот, покажаа дека балканските народи се најдоа во групата земји каде што живеат најмал број емотивни и чувствителни лица, пишува весникот „Форбс“.

Според тоа истражување, најемотивни се жителите на Црна Гора и на Албанија.

Од земјите во регионот на Балканот, студијата на Галуп покажала дека Црногорците и Албанците се најемотивни нации, каде што 46 отсто жители тврдат дека по природа се емотивни.

Следува Босна и Херцеговина, каде што 44 отсто испитаници се доживуваат себеси како емотивни лица. Ист процент е забележан и во Србија и во Македонија.

Од друга страна, најмалку емотивни лица на Балканот имаат Хрватска и Косово, каде што живеат 43, односно 42 отсто лица што се водени од емоциите.

Според истражувањето на Галуп, Балканот се наоѓа во групата земји во светот со низок процент „емотивци“, додека во сите земји на Балканот повеќе од половината жители рекле дека не реагираат емотивно во одредени општествени интеракции и ситуации што им се случуваат.

Од земјите од поширокиот регион на Балканот, во Бугарија има 41 отсто емотивни луѓе, во Турција 45, во Унгарија 46 и во Словенија 48 отсто.

Специјалистите на Галуп потсетуваат дека емоциите се мошне значаен фактор во животите на обичните луѓе, но и во состојбата на цели нации, бидејќи го одредуваат однесувањето на луѓето, како и донесувањето важни одлуки.

Анкетата била направена врз основа на прашањето до луѓето „дали во изминативе денови доживеале определени емоции, од кои пет позитивни и пет негативни“

Резултатите на студијата го покажуваат процентот на луѓето во секоја земја што во претходните денови ги доживеале сите десет емоции.