На 31 цм под мраз постави Гинисов рекорд
Објавено во: Балкан 04 Март, 2017
Лидија Лијиќ од Сплит постави Гинисов рекорд со нуркање под мраз дебел 31 цм на температура од 2 степени на езерото Вејсенсе во Австрија.
„Условите за нуркање беа добри и во комбинација со добрите услови за организација се чувствував сигурно. На почеток ми беше студено, но се исплатеше затоа што поставив нов Гинисов рекорд“ - вели таа.
Иако е светски и европски првак и професор по нуркање, таа си ја збогати кариерата со ова достигнување.
Во дисциплина нуркање под мраз со перки, постави нов рекорд и го собори тој од 120 метри, така што нуркаше 123 метри.