17 Мај, 2024
0.0269

МВР со докази за десетмина осомничени при грабежот во чаирската пошта

Објавено во: Мои пари 19 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Сеуште се трага по двете обвинети за несовесно работење во Македонски пошти на кои вчера во отсуство им беше изречена мерка притвор за случајот со грабежот на поштата во Чаир, кога беа украдени над 200 ооо евра. Како што појасни министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, двајца од осомничените остануваат надвор од дометот на полицијата. Министерката побара вработените во овие институции да внимаваат на својата работа. „МВР обезбеди докази за 10 лица, и заради тоа кривичната пријава ги опфаќа овие 10 лица. Секогаш кога станува збор за кривично дело ние одговорноста ја бараме кај оние кои требало да ја обезбедат условите тоа да не се случи и се разбира кај директните извршители“, рече министерката. На прашањето дали МВР има сознанија дека имало вакви пропусти во останатите грабежи на Македонски пошти, Јанкулоска истакна дека пред поднесување на кривична пријава не ги коментираат сознанијата и оти за последниот случај тие се презентирани откако пријавите веќе биле поднесени. Според информациите кои ги пренесоа повеќе медиуми, МВР распиша потерница по двете жени - едната сопруга на поранешен министер од редовите на ВМРО - ДПМНЕ, а другата ќерка на екс функционер од редовите на ДУИ. Вработените во пошта сега се сомничат дека овозможиле неконтролирано влегување и излегување од службената врата, поради што им е изречена мерка притвор од 30 дена. Како што информираа од МВР, притвор добија управникот на поштата во Чаир, двајца контролори, главниот благајник и двајца соработници за безбедност, потоа шефот на обезбедувањето, двајца поштари и еден раководител на службата за внатрешна контрола.

Можеби ќе ве интересира

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени