02 Мај, 2024
0.2295

МВР СО ДЕТАЛИ ЗА НАПАДОТ ВРЗ НОВИНАРСКАТА ЕКИПА - насилникот е приведен и ќе следи поднесок

Објавено во: Македонија 10 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Полицијата излезе со детали за нападот на новинарската екипа за време на вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.

Нападот е извршен од четириесет и едногодишниот А.И, кој замавнувал накај новинарката Милка Смилевска и и го бутнал микрофонот. Тој бил приведен во станица, по што ќе следи поднесок.

„На 09.09.2020 во 18.30 часот,  М.С. пријавила дека на ул.„Македонија“,  каде се одвивал протест, а таа била работно ангажирана како новинар, додека разговорала со едно од лицата кои учествувале на протестот, дошол А.И. (41) од Скопје и замавнувал со рацете, при што и го бутнал микрофонот. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, се вели во соопштението од полицијата.

Со реакција се јави и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), кои го осудија нападот кон новинарската екипа на Ал Џезеира на протестот во Скопје, организиран од политичката партија ВМРО - ДПМНЕ.

„Новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ се нападнати додека ги извршувале своите професионални обврски, што е незамисливо во една демократија. Толеранцијата на вакви напади и спречувањето на медиумските работници да си ја вршат својата работа носи ризик тие да се повторат и да се засилат, со што не се загрозува само безбедноста на колегите, туку и елементарното право на граѓаните да бидат вистински информирани“, велат од СЕММ.

Затоа бараме, нагласуваат, од институциите итно расветлување на инцидентот и одговорност за напаѓачите, а од партиите поголема одговорност во спречувањето на говорот на омраза и делата што произлегуваат од него.

Можеби ќе ве интересира

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично