МВР приведе двајца просјаци
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2019
Полицајци привеле пред судија двајца просјаци од Албанија кои питачеле во Дебар, соопшти МВР.
Настанот се случил вчера во 15,15 часотна улицата „8-ми Септември“ а истите се приведени поради питачење на подрачјето на градот.
Полициските службеници ги привеле К.М.(20) и С.Г.(36) пред судија од Основен суд Дебар.
На двајцата албански државјани им е изречена мерка – забрана за влез во Македонија во траење од една година.