Мукоски го демантира Рашковски: Цената што беше кажана е за четири пати поголема од реалната
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2017
Сопственикот на фирмата „Атриум“ од Вевчани, Бобан Мукоски во реакција до Телевизијата 24 ги демантира тврдењата на генералниот секретар на Бладата, Драги Рашкоски.
Вели дека Рашковски говорел невистини и цената што била кажана на прес-конференцијата била за четири пати поголема од реалната цена на неговата фирма.
Тој вели дека цената била 180 денари за метар квадратен во што било вклучено чистење, подготовка, бојадисување, крпење на одредени оштетувања.
Објаснува дека договорот бил склучен со рамковна спогодба, а за наводите побара извинување и најави тужба.
Рашковски денеска обвини дека фирмата „Атриум“ од Вевчани, во сопственост на братот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, склучила договор за варосување на помошни простории во „Телеком арената“ за 10 евра од квадрат, пред одржувањето на Супер Купот во Скопје.
Реќе дека има многу недостатоци и пропуштени рокови во реконструирањето на Градскиот стадион во пресрет на одржувањето на Суперкупот.