18 Мај, 2024
0.0272

Мукаетов за Танјуг: Потребно е вмрежување на фармацевтските компании во регионот

Објавено во: Мои пари 15 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Фармацевтскиот сектор е поле каде што може значително да се унапреди соработката во регионот, особено со цел за заеднички настап на трети пазари и зголемување на конкурентноста, изјавил за српски Танјуг претседателот на Управниот одбор на македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“ Живко Мукаетов. „Дефинитивно фармацевтскиот сектор е поле каде што може да се расте, бидејќи имаме многу солидни и добро позиционирани компании во регионот кои се од фармацевтскиот бизнис, компании кои значат, кои имаат знаење, имаат технологија и кои инвестираат во развојот. Само треба тие компании малку повеќе да се вмрежат, да видат каде можат да пронајдат синергија, таму каде што едни се силни да одработат некои сервисни услуги за другите и обратно, на третите пазари како што е Русија, па и Европската унија, оние кои веќе се позиционирани таму синергетски да се координираат со другите кои допрва имаат намера да влезат на овие пазари...“, вели Мукаетов. Во својата изјава Мукаетов зборува и за соработката на „Алкалоид“ со српските компании во фармацевтскиот сектор. Видео-изјавата можете да ја погледнете ТУКА.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата