19 Мај, 2024
0.0265

Mукаетов: Ќе инвестираме износ од најмалку 50 милиони евра за 5 години

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2019

Добивај вести на Viber

На гости во „Алкалоид“ денеска беше владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев,  а во која беше и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Алкалоид“ АД Скопје како една од најуспешните компании првпат доби финансиска помош од државата. Со оваа наша домашна компанија потпишавме Договор за финансиска поддршка за нов инвестициски проект на компанијата во времетраење од пет години и кон крајот на изминатата година на компанијата по овој основ ѝ беа исплатени финансиски средства во висина од 35.292.916 денари.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на бизнис климата за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ денеска ја посетија фармацевтската компанија „Алкалоид“ АД Скопје.

Тој посочи дека финансиската поддршка компанијата ја добила од Планот за економски раст со кој првпат ги изедначиле условите и критериумите за поддршка на инвестициите и конкурентноста на домашните и странските компании. Целта на посетата, како што нагласи, била да ги споделат информациите со менаџментот на „Алкалоид“ за значењето на финансиската поддршка од Планот за економски раст, за постигнатите резлтати што компанијата ги бележи и одблиску да се запознаат со производствените процеси и технологии што таа ги спроведува.

АД „Алкалоид“ Скопје претставува врвен македонски бренд во фармацевтската индустрија по кој нашата земја е позната во светски рамки преку производство и продажба на фармацевтски, хемиски, козметички производи и производи од билно потекло. Компанијата има повеќе од 2.000 вработени и просечната нето плата по вработен во „Алкалоид“ изнесува над 44.600 денари или над 700 евра, што е за секоја пофалба и е во насока на владиниот апел до компаниите за исплата на повисоки плати за вработените“, рече Заев.


Тој додаде дека измината година компанијата реализирала 212 нови вработувања и инвестиции од над 17 милиони евра.

Менаџерот на „Алкалоид“, Живко Мукаетов се заблагодари на владата за повратот на ДДВ и тоа што по 20 години инвестиции, сега и државата возвратила со помош.

„Би сакал да упатам особена благодарност до Премиерот и високата владина делегација за интересот за „Алкалоид“. Повод за денешната средба беа резултатите од работењето на компанијата, плановите за влез на нови пазари, проширувањето на производното портфолио и слично. Една од главните теми на средбата беа инвестициите кои ние како компанија континуирано ги спроведуваме и кои во изминативе 20 години надминаа износ од 200 милиони евра. Дадовме осврт на 2018 година, во која „Алкалоид“ имаше пласмани од над 159 милиони евра, од кои преку 100 милиони беа наменети за извозните пазари и инвестиции во износ од 17 милиони евра. За прв пат годинава, компанијата доби финансиска помош при процесот на инвестирање. Со овој договор, ние како компанија се обврзавме да инвестираме износ од најмалку 50 милиони евра за период од 5 години, а по констатираното придржување кон одредбите на договорот, ќе имаме право на 10% поврат на износот на инвестицијата, односно максимален износ од 1 милион евра годишно. Како компанија која инвестира значајни фондови во своите капацитети, знаење и кадри, ваквата поддршка ни е дополнителен стимул од кој бенефит ќе имаат обете страни: компанијата во зголемување и осовременување на капацитетите, а Владата во посилна економија, зашто во секоја здрава економија треба да постои синергија помеѓу владата и стопанството“, изјави Мукаетов. 

Анѓушев рече дека силната индустријализација во државата е шанса македонската економија да фати приклучок и да се изедначи со стандардот на останатите граѓани во Европа.


„Денеска присуствуваме во „Алкалоид“ каде што видовме како практично средствата од државата, што се дадени преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите и преку Фондот за иновативност се тука успешно имплементирани и искористени. Ги видовме машините што се поддржани со средствата во рамките на оваа владина активност. Имавме можност да видиме европска фабрика, среќни сме и горди што имаме вакви фабрики во Република Северна Македонија, се надеваме дека користејќи ја синергијата меѓу Владата, економијата и граѓаните, ќе дојдеме до позначителни економски ефекти“, рече Анѓушев.


Вицепремиерот посочи дека и годинава и преку Фондот за иновативност ќе бидат исплатени 14 милиони денари. Како што компанијата „Алкалоид“ ќе ги уплаќа своите средства, така и Фондот за иновативност ќе ги следи инвестициските активности во „Алкалоид“, истакна Анѓушев.

Можеби ќе ве интересира

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда