15 Мај, 2024
0.0319

МУХАМЕД ЗЕКИРИ И СЕ РАДУВА НА ЌЕРКИЧКАТА - во очекување да се гласа за новата влада

Објавено во: Македонија 24 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во очекување кога ќе се закаже седница за гласање на новата влада, пратениците наоѓаат и слободно време за да им се радуваат на своите најмили - дечињата. 

Пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ објави фотографија од него и неговата ќерка.

Тој напиша „Ќерка и татковци, љубов“, до фотографијата во која радосно го држи во рацете своето девојче. 

Зекири и неговото семејство неодамна го пребродија коронавирусот, поради што беа и хоспитализирани.

На фејсбук слика со својот син објави и пратеникот Димитар Апасиев.

А засега на веб страната на македонското Собрание не е закажана седница за формирање на влада. 

„За денешниот ден нема закажано пленарни седници и седници на работни тела“, ова се уште стои на веб страницата на законодавниот дом. 

Финалниот рок во кој треба да биде поднесен предлогот за состав на новата влада е 2 септември. 

Веќе не е тајна дека новата владина коалиција имаше проблеми со обезбедување собраниско мнозинство, откако неколку ограноци на ДУИ изразија незадоволство од некои кадровски решенија на лидерот Али Ахмети.

Од СДСМ засега нема информации дали Заев ќе стигне и пред 2 септември да ги достави до Собранието предлог-составот на идната влада и програмата за работа, кои начелно ги договори со Ахмети, но, поради превирањата со ДУИ, се уште не е конечен министерскиот список на оваа партија. 

СДСМ во соопштение ги посочи приоритетите на идната влада, но не е наведено кога може да се очекува нејзиниот избор во парламентот.

Можеби ќе ве интересира

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава