„Мудис“ го крена малку рејтингот на Грција
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2017
Американската рејтинг агенција „Мудис“ (Moody`s) која споделува мислења, информации и предвидувања во областа на економијата крена долгорочната оценка за грчките можности.
Таа беше зголемена од „Caa3“ до „Caa2“ со позитивна прогноза, се наведува во соопштението на агенцијата.
Во април 2015 рејтингот на Грција беше деградиран од „Саа1“ до „Саа2“, во јули истата година тој стигна од “Саа2“ на „Caa3“ што беше само еден степен од категоријата „претстојна неликвидност“.
Другата рејтинг агенција „Стандард енд Пурс“ (S & P), која исто така го дели мислењето, информации и предвидувања во областа на економијата, не го менува рејтингот на Грција од јануари 2016 година (B-), Агенција „Фич“ (Fitch) - од август 2015 (CCC).