Добивај вести на Viber
Австралиецот Дин Билс, пензиониран поранешен раководител во Кока кола е страствен љубител на брзите автомобили, го голема колекција луксузни спортски модели.
Но пензионерот имал само еден проблем. Возачката дозвола на Вилс му била одземена во 1996 година, откако е фатен дека вози премногу брзо по автопат во Њу Саут Велс. Затоа тој решил да ги земе работите во свои раце и да го направи она што само милионерите можат-своја приватна писта во дворот.
Трасата е долга околу 5 километри и се наоѓа во јужниот дел на Кулнура, Австралија. Пистата има 22 кривини, а изградбата го чинело Вилс околу 10 милиони долари. Тој тврди дека тоа не е писта и им забранува на ретките возачи кои имаат дозвола да се возат таму, да се натпреваруваат меѓу себе!?! Барем официјално.
Сепак патеката е наменета за возење на брзи автомобили и изгледа исто како патека од Формула 1, само без белите и црвени ленти и заштитни огради.
Вилс ја замаскирал трасата со живописен пејзаж и знаци за ограничување на брзината. Сепак роднините и пријатели на пензионерот, меѓу кои и поранешниот возач на Формула 1, Џек Брабaм, честопати возат таму за свое задоволство. Претпоставувате со какви брзини!