17 Мај, 2024
0.0265

„Mr.Bricolage“ затвора 17 продавници во Франција

Објавено во: Свет 17 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Францускиот синџир „Mr.Bricolage“ објави дека според новиот план за развој на компанијата претстои затворање на 17 корпоративни продавници во Франција во 2017 година а ќе бидат отпуштени 238 работни места, или 9,5% од работната силна. 

Новиот план исто така, обезбедува близу 87 од објектите на ланецот во Франција да бидат дадени на франшиза. Ова ќе доведе до очекувано обезбедување од околу 65 милиони евра и ќе натежне врз профитот на компанијата во 2016 година.

„Таа големина на портфолиото со објекти на компанијата ќе даде дополнителна слобода на дејствување на групата да се инвестира и развива бизнисот“, стои во соопштението од компанијата.

На францускиот пазар „Mr.Bricolage“ се натпреварува со фирмите Bricorama, Brico Depot и Leroy Merlin. Компанијата сепак забележа сериозни загуби во 2015 година - добивката се намалила за 31.5% до 9.6 милиони евра, а приходите со 2.7% до 529.5 милиони евра. Оперативната загуба на објектите на компанијата е во износ од 12 милиони евра, соопштува Reuters.

Според новиот план за развој „Mr.Bricolage“ во следните 2 години ќе продаде вкупно 30 продавници кои ги поседува, а во 2017 година ќе инвестира 13 милиони евра во други 30 продавници, кои исто така ќе ги продаде во подоцнежна фаза.

Во 2015 година со најголемиот синџир од типот „направи сам“ во Европа - британската Kingfisher сакаше да се здобие со конкурентот Mr.Bricolage, но обидите пропаднаа. 

Брендот „Мr.Bricolage“ е познат на 4 континенти, а вкупниот број на продавниците е 838 лоцирани на продажен простор од над 1,7 милиони квадратни метри. Продавниците надвор од Франција се 72 на број - во Андора, Белгија, Бугарија, Шпанија, о. Маурициус, о. Мадагаскар, Македонија, Мароко, Романија, Уругвај, Кипар и Колумбија.

Синџирот „Mr.Bricolage“ кој функционира во сегментот „направи сам“ е претставен и во Бугарија. Таму компанијата има 11 продавници, распоредени во Софија, Пловдив, Благоевград, Бургас, Варна, Добрич, Русе и Плевен.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра