02 Мај, 2024
0.0249

Можно ли е Италијанците да се ослободат од еврото?

Објавено во: Економија, Свет 02 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Италија  в недела на референдум ќе се изјаснуваат за промена на Уставот.

Владата предлага преземање на некои од клучните овластувања за донесување одлуки од регионите. Со тоа  премиерот ќе добие поголема моќ и овластувања во спроведувањето на економските реформи. Главното прашање е предлогот на премиерот Матео Ренци за укинување на Горниот дом на Парламентот – Сенатот, и негова замена со Комора на регионални претставници која ќе има многу намалена моќ.

Ако предлогот на Ренци не помине в недела, најголеми промени според  аналитичарите ќе има во инвеститорскиот и банкарскиот сектор.

На банките во земјата  им се неопходни повеќе од 20 милијарди евра капитал во наредните месеци за да се покријат загубите.

Многумина од нив сметаат дека веројатноста за напуштање на еврозоната од страна на Италија сега е поголема од времето на кризата.

Според последното истражување на Сентикс, спроведено на 1.000 институционални и мали инвеститори од 24 до 26 ноември, 19,3% од шансите се Италија да ја напушти еврозоната.

Италијанската доверба во ЕУ опадна по неодамнешната финансиска криза, а двиижњето Пет ѕвезди и опозициската Северна лига се противат на еврото.

Матео Салвини, водачот на италијанската анти-имигрантската Северна лига, изјави дека ќе се кандидира за премиер на следните избори и ги повика Италијанците да гласаат против и да се ослободат од еврото.

По референдумот освен економска, можно е да има и политичка криза. 

Инвеститорите, кои сè уште се опоравуваат од демократските шокови во Велика Британија и САД, се сериозно загрижени за иднината на Италија во европската монетарна унија.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?