МОЖНИ ПОПЛАВИ НА БАЛКАНОТ: Во две држави реките пред излевање
Објавено во: Балкан 02 Февруари, 2019
На Балканот ќе има поплави.
Во поголемиот дел на Словенија, поплави се очекуваат во западните и јужните краишта, а во текот на денешниот ден локално може да падне и до 100 милиметри дожд ма квадратен метар, предупредуваат метеоролозите.
Се очекува најмногу да порасне водостојот на Купа и реката Река, а во текот на денот и горниот тек на реките Сава, Драва, но и на Љубљаница и Випава.
Слична е ситуацијата и во Босна и Херцеговина, каде што Одделот за хидрологија на Сојузниот хидрометеоролошки институт на БиХ денеска издаде предупредување за опасност од изливање на реките.
Предупредувањето е издадено, затоа што во наредните денови се очекуваат многу врнежи. Предупредувањето се однесува на притоките на Неретва – Дрежница, Лиштица, Буна, Требижат, Брегава, Крупа, басенот на реката Цетина, Купа, Уна, горниот дел од речниот слив на Босна.
Засега сите водотеци во БиХ се во рамките на нормалните граници и нема излевање од корита, а се уште се во сила одлуките за прогласување на состојба на природна катастрофа предизвикана од снежни врнежи за градот Ливно во општините Купрес, Гламоч, Босанско Грахово, Дрвар и Томиславград.
Црвен метео аларм е издаден и за Хрватска.