05 Мај, 2024
0.1110

МОЖЕ ЛИ БЕЗ ПОЛИТИКА - Милан Борјан се жали на хрватските навивачи: Тоа се деца кои не знаат како е да се биде во војна

Објавено во: Спорт 27 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Српските медиуми пренесуваат дека канадскиот репрезентативец Милан Борјан се отворил во разговор со српските новинари по, како што пишуваат, навредите на натпреварот против Хрватска.

Блиц.рс пишува дека голманот на Црвена звезда во добар дел од натпреварот бил нападнат од хрватски навивачи, се слушале извици „Борјан, усташ“, го навредувале и неговото семејство, а имало и транспаренти со слика на трактор и натпис Книн, каде што е роден.

Тој излегол пред српските новинари и толку многу се отворил, што го извадил телефонот и покажал дека има над 2.000 навредливи пораки од хрватските навивачи на Воцап,  откако Хрватите го споделијле неговиот број.

- Тоа покажува какви луѓе се тие, примитивци. Слушнав дека навредувале, викале, треба да работат на себе и да бидат со семејствата. Очигледно има и фрустрирани - започна Борјан.

Борјан напомена дека го навредувале деца кои не знаеле што се случувало во 90-тите години во поранешна Југославија.

Во емотивна презентација го зеде телефонот и почна да ги покажува сите пораки...

- Видете ги има 2056 неотворени. Тоа зборува само за нив – рече Борјан.

Прашан дали ваквите работи можат да му го расипат впечатокот од Светското првенство, вели:

- Не може, јас сум среќен човек. Имам прекрасно семејство, има луѓе кои ме сакаат и почитуваат. Тоа ми е поважно од било што друго.

На стадионот беше и неговата сопруга Снежана...

 - На мојата сопруга секогаш и е тешко, секогаш е на удар, дури и од навивачите на Партизан. По добар коњ се крева прашина, со Звезда имавме бројни успеси и луѓето се љубоморни. Горди сме и среќни со се што направивме.

Тој ги пофали хрватските играчи и им посака се најдобро на турнирот.

- Сите изјави беа господски, додаде Борјан, откривајќи што разговарал со Иван Перишиќ на крајот од мечот.

– Ми рече „Обидете се да го победите Мароко за да продолжиме понатаму – заврши Борјан.

Извор: Блиц.спорт