17 Мај, 2024
0.0317

Може да се протурка рекордниот буџет со 279 амандмани

Објавено во: Финансии 27 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Со поднесени вкупни 279 амандмани може да се „протурка“ расправата во Собранието за досега најголемиот државен буџет во висина од 3,4 милијарди евра со што новата Владата на СДСМ планира да ги води своите политики следната година, но и да ги опслужува обврските на државата кон пензионерите, административците и социјалните трансфери. 

Опозицијата очигледно нема изразена намера преку голем број на амандмани да и предизвика главоболки на власта и со солидната бројка од 279 амандмани ќе ја одржи расправата како во комисијата така и на пленарната седница во Собранието жива и активна и ќе може да посочи кои ставки се слабост на овој предлог буџет, што треба да се дополни, а што треба да се иземе од државната каса. 

Најголеми тензии при носење на буџет во досегашната историја имаше во 2012 година кога СДСМ поднесе над 1000 амандмани со цел да спречи распределба на државни пари кои сметаше дека ќе се злоупотребат за изборни цели и манипулации. Долгата расправа и можната блокада од опозицијата доведе до насилната интервенција при што опозициските пратеници беа физички отстранети од пленарната сала на Собранието. Надвор имаше два голема протести предводени од поддржувачи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и за влакно беше избнегнат судир. 

Настаните од овој ден ги паметиме како Црниот понеделник, но такво нешто никогаш не треба да се повтори и треба предлозите на опозицијата ако се валидни и корисни да бидат земени во предвид, а не да се отфрлат по автоматизам.

Засега главните забелешки на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која поединечно има поднесено 204 амандмани се дека буџетот предвиден за следната година не покрива во голема мерка повеќе претходно започнати проекти кои требаше допрва да се зголемат, на пример субвенционирањето на греење на пелети на државно ниво. Досега само градот Скопје има предвидено средства за субвенции за тие што ќе купат печка на пелети, па сличен чекор одамна се очекува и од Владата на централно ниво со поголема сума на пари, особено што греењето од овој извор е поефикасно и поеколошко, но за таква инвестија не секој има пари. 

БЕСА поднесе 75 амандмани од кои повеќето имаат „етнички“ предзнак односно се бараат повеќе пари и средства од буџетот за проекти во местата низ Македонија каде претежно живеат Албанци за да има рамномерна и правична застапеност на сите даночни обврзници од кои се полни државната каса.

Во Собранието десен започнува расправата по Предлог-буџетот за 2018 година која според Деловникот ќе трае 10 работни денови. Предложениот буџет е на дневен ред во матичната Комисијата за финансирање и буџет. 

Вкупните приходи за 2018 година се планираат на ниво од 193.512 милиони денари, а расходите се планирани на ниво од 211.745 милиони денари, односно 3,4 милијарди евра. Вака планираните приходи и расходи резултираат со намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,7 проценти од БДП или 18.233 милиони денари во апсолутен износ. Ќе се финансира од домашно и надворешно задолжување, а со цел да биде пониско задолжувањето, се зголемува акцизата на нафтата за три денари од 1 јануари 2018 година.

Со предложениот буџет пари се предвидени за капитални инвестиции, за навремена и непречена исплата на плати, пензии, социјални трансфери, поддршка на домашни компании. 

Вкупните приходи за наредната година се поголеми за 4,7 проценти во однос на оваа година, додека приходите за 4,1 процент.

Од даноци се планира да се соберат 114,979 милиони денари што е за 7,5 проценти повеќе од годинава. Од придонеси се очекуваат 55,403 милиони денари, односно за пет проценти повеќе од годинава. Ваквото зголемување е од очекуваното раздвижување на економијата, зголемување на вработеноста и на платите на вработените.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра