01 Ноември, 2024
0.0599

Моторот на Заев и референдумот: Колкава брзина ќе развиеме

Објавено во: Економија 05 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Самиот е љубител на мотори, а премиерот Зоран Заев често може да го видиме со неговиот низ патиштата, но и ридскопланинските предели во Македонија. Кога се потпиша договорот со Грција премиерот изјави дека е среќен исто како и кога го вози својот мотор. А токму преку мотор Заев пред стопанствениците вчера симболично потенцираше зошто на Македонија и се потребни ЕУ и НАТО. Правејќи споредба меѓу возењето со кросмотор и БМВ мотор, тој рече дека целта е процесите да се забрзаат, а економскиот стандард да се приближи на европскиот. Земјата, се очекува да фати забрзан од кон напред. На интересен начин премиерот разговараше со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, а стопанствениците и дадоа целосна поддршка на Владата за референдумот.

„Доаѓањето на ЕУ значи камшик, влегување во нивното калапче. А ако референдумот успее ќе се качиме на мотор од 1.600 кубици. Инаку не е исто со 500 милиони потрошувачи, со пазар што ни се отвора, интегрирани во најмоќниот сојуз на светот – НАТО и најмоќната унија – ЕУ. Тоа не може да биде штетно за бизнисот. Може да биде само плус за самиот бизнис и навистина јас очекувам бизнисот во Македонија заради својата сопствена држава и својот сопствен бизнис да дадат сериозна поддршка за овој процес што се одвива пред Македонија“, рече Заев.


Вицепремиерот Кочо Анѓушев, пак, рече дека „брзината од 50 километри на час е за минатото, додека иднината била во големата брзина и технолошкиот развој.

И стопанствениците се согласија дека членството во ЕУ и НАТО ќе значи подобра иднина за Македонија.

„Нема да сме побогати како Германија ама ќе сме поперспективни. Не е темата дали интегрирање, туку како да се искористи процесот, рече Никола Џамбазовски, Комерцијална банка.

Ако не се искористи шансата разочарувањето ќе биде големо, сметаат бизнисмените.

„Иселувањето ќе се интензивира, ќе се намалат странските инвеститори, извозот и вработувањата, а можна е и нова политичка криза. Ќе се загубат и милијарда евра што ЕУ е подготвена да и ги даде на Македонија по евентуалното членство, истакна Штефан Петер од Советот на странски инвестиции.

Заев доби и маичка со БМВ апликација поради моќта и енергијата со кои го трасирал патот кон ЕУ, заштита за грб и транспарентни елечиња за тимот на Владата за да истраат во процесот на транспарентно интегрирање во ЕУ.


Можеби ќе ве интересира

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми просечната плата

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми просечната плата

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување