Добивај вести на Viber
Моторола го направи она што на пазарот го очекуваше од " евтиниот " модел на Apple iPhone 5c . Од компанијата најавуваат паметен телефон по цена од слободна продажба за 179 долари. Станува збор за објавенииот модел вчера Moto G , кој е вистински „буџетски“ модел.
За оваа сума корисниците ќе добијат 4,5- инчен дисплеј со многу добра резолуција и quad-core процесор со брзина од 1,2 GHz . Внатрешната меморија е 8GB , а моделот ќе располага со добра, за цената, 5 мегапикселна камера.
Уредот ќе ја има претпоследната верзија Android 4.3 Jelly Bean, која ке може да се замени со Android 4.4 KitKat до јануари следната година.
Смартфонот е наменет за пазарите во земјите во развој , каде што корисниците немаат можност да купат уреди од високата ценовна класа.