02 Мај, 2024
0.0294

Моторџии утре ќе му „грмат“ на Шилегов

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Незадоволство кај мото- клубовите по најавите на Град Скопје дека од следната година паркингот за мотоцикли ќе се наплаќа. Мотоциклистите од Скопје упатија апел до градоначалникот на градот,Петре Шилегов да ја ревидира оваа своја одлука.

Поради тоа на состанок одржан на 29.06.2018 година, претседателите на 11 мото клубови од Скопје, подржани и од мото клубови од другите градови во Република Македонија, донесоа одлука да повикаат на предупредувачки протест кој ќе се одржи в недела на 01.07.2018 година, пред просториите на Град Скопје во Градскиот парк со почеток во 10 часот.

Предлогот на градоначалникот Шилегов е погрешен од неколку аспекти и поради тоа е неприфатлив за мото клубовите и за независните мотоциклисти, заклучија претседателите на мото клубовите.

Тие особено ги потенцираа следните аспекти:

„Со минорни исклучоци, меѓу кои е и градот Дубаи од 2017 година, никаде во Европа и во светот не се наплаќа паркирањето на мотоцикли и на мопеди. Согласно тоа, нема позитивна пракса врз која Град Скопје би ја темелел својата одлука.

Возењето мотор, покрај својата основна предност – поголема слобода во движењето – помага да се намали градскиот метеж во сообраќајот, а согласно тоа, може да се смета како помош при намалувањето на загадувањето на воздухот произлезено од сообраќајот.

Возачите на мотоциклите и мопедите не прават проблем со паркирањето на своите мотори, а секако почитуваат основни непишани правила да не паркираат во тревни површини или пред хидранти и друга канализациона, водоводна или електрична инфраструктура.

Поради аргументите кои за мото клубовите се јасни и недвосмислени, тие упатуваат барање до градоначалникот Петре Шилегов да ја повлече предлог одлуката, која во понеделник треба да се најде на дневен ред на седницата на Собранието на Град Скопје“.


Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности