17 Мај, 2024
0.0320

МОН ДАВА МОЖНОСТ ЗА ОДЕЊЕ ВО ШКОЛО: Средните училишта и основните кои ги исполнуваат условите да достават барање до 10.септември

Објавено во: Македонија 01 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Новоименуваната министерка за образование и наука, Мила Царовска, која денеска заедно со министерот за здравство Венко Филипче одржаа прес-конференција, за во моментов едно од најважните прашања во земјава, а тоа е почетокот и начинот на реализација на новата учебна година, потенцираше дека МОН ќе овозможи наставата со физичко присуство да се одвива во и во средните училишта и во основните од 4 до 9 оддление, но само каде што има услови според веќе зацртаните протоколи дадени од Комисијата за заразни болести. Официјално, учебната година почнува на 1 октомври, заради што МОН бара од училиштата во рок од десеттина дена да достават податоци за број на ученици кои ќе следат настава физичко присуство, и секако број на оние ученици кои ќе се определат за учење од далечина. Наскоро се очекува ресорното министерство да ја претстави националната платформа за онлајн наставата.

-Ако училиштето може да формира класови до најмногу 20 ученици, ќе може во такви услови да се дозволи да се реализира настава со физичко присуство. Ако некое училиште смета дека ги исполнува условите, може да побара од основачот, општината, да одржува настава со физичко присуство, на редовен начин. Но, тоа треба да го поткрепи со докази. Училиштата треба да ги поднесат барањата најдоцна до 10.септември и да докажат дека имаат услови за настава со физичко присуство, потенцираше министерката Царовска.

Истовремено министерката рече дека во случај на влошување на епидемиолошката состојба во одредена општината, ќе има нови препораки и за учениците кои кои почнале да одат во училиште, односно ја следат наставата со физичко присуство.

Според неа, многу е важно најмладите ученици, оние од прво до трето одделение да имаат настава со фисичко присуство, пред се поради развој на моториката, самото запознавање на тоа што значи образовен процес, како и важноста од описменување кое се случува токму во овие одделенија на таа возраст.

-Даден е избор, па родителите кои се изјасниле за учење од далечина, за тие деца училиштето мора да обезбеди услови. Наставниот час ќе трае 30 минути. Во средните, 35 онлајн. Големиот одмор е 15 минути. Ќе се проверува знаењето на учениците. Директорот ќе се грижи за добрата покриеност со интернет конекција. За децата кои немаат уреди, училиштата ќе организираат настава со физичко присуство. Ако не сакаат, ќе им биде печатен и даден материјал за учење, истакна министерката.

На заедничката прес конференција и министерот за здравство Венко Филипче изнесе детали за протоколите според кои мора да се придржуваат училиштата за безбедно одвивање на наставата со физичко присуство, нагласувајќи дека препораката што ја даде Комисијата за заразни болести е во контекст на максимална претпазливост.

-Работното време на училиштата ќе биде од 7 до 20 часот. Во функција ќе бидат ставени сите влезови со патокази и насочувања за влез и излез. Средства за дезинфекција задолжително ќе има. Во основните училишта децата ќе бидат испраќани само до влез, нема внатре, мора со маски. Дежурен наставник ќе помага при дезинфекција на рацете и обувките. Тие што доаѓаат со автобус, ќе им се мери телесна температура, а со повишена температура нема да може да влегуваат. Наставниот кадар мора да се држи до пропишаното растојание од 1, 5 метар. И на нив при влез ќе им се мери температура, исто како на учениците. Се забранува поздравување со физички контакт. Наставата се изведува со најмногу 20 ученици, на 1,5 метар раздалеченост. Кога ќе има услови наставата ќе се одвива надвор, без маски. Првиот училишен ден ќе биде посветен само на упатствата. Употребата на тоалетите ќе биде контролирана, додека оброк ќе се носи од дома. Ако се открие случај во училиштата, веднаш ќе доаѓа локален епидемиолог, ќе се контактира неговиот матичен лекар и ќе се испитуваат контактите на ученикот, потенцираше Филипче.

Тој уште еднаш нагласи дека ако се почитуваат протоколите, можеме да имаме успешна учебна година. 

Читајте и тука

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат