Момчето кое се шегуваше со Брзата помош е 25 годишник од Јурумлери
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2020
Расчистен е случајот со видео во кое момче се шегува со Брзата помош.
Полицијата го пронајде момчето кое се шегуваше со Брзата помош, и снимаше видео за Тик Ток.
Момчето од видеото е на возраст од 25-години и е од скопско Јурумлери.
Се јавуваше во Брза помош и на шега прашуваше дали е тоа пожарна.
Момчето постапило спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, поточно член 16, затоа што лажно повикувало на помош и пријавувало настан.
Момчето вчера е повикано во полициска станица и раскажало дека повикот го снимило на 13 септември во 2 часот наутро, во парк во Аеродром.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ова не е прв ваков случај.Претходно, на Тик Тик момче од скопско објави како пали шума, по што беше пронајдено.
И двата случаи наидоа на осуда од јавноста.
Корисниците на социјалните мрежи намерно ги споделуваа масовно, со цел полицијата да ги пронајде и казни.
Граѓаните реагираа дека тие неколку минути некого го чинат живот, додека момчето се шегува со Брзата помош.