МОМЧЕ ОД БАЛКАНОТ на само 13 години направи милионски бизнис во Америка
Објавено во: Финансии 23 Јуни, 2017
Морис Лалоши и припаѓа на генерацијата милениумци кои, по некои кажувања, важат за мрзливи и разгалени. Сепак, тој со својот пример на сите им ја затвори устата. Доказ е дека работната етика (најчесто) се носи од дома, односно од семејството, и ако сте вредни и снаодливи, можете да успеете секаде, без разлика откаде доаѓате и каде одите.
Лалоши сега има 20 години, а зад себе веќе седум години искуство во водење на сопствен бизнис– SEO Guys Inc – кој му носи приходи од милион долари и услужува клиенти ширум Америка. За него пишува сајтот Inc.com.
Семејна приказна
„Мојот татко сакаше да не донесе во Америка“, рекол Лалоши за Inc, и додал дека е роден во Албанија. „Ја искористил првата шанса која му се укажала, штом завршил комунизмот, тој отишол. Продал четири ресторани и никогаш не се покајал.“ Семејството на Лалоши доживеало цела Одисеја, преминувајќи низ 13 различни држави, за да конечно се скрасат во градот Форт Лодердејл, во државата Флорида.
„Кога имав 13 години, мојот татко основаше фирма за чистење. Тоа беше во 2010 година, и одлучив да направам бизнис сајт за него. Мислев дека, ако направам сајт, луѓето ќе загризат. Но не беше така. Почнав да се нервирам...“ раскажува Лалоши за Inc. Потоа отишол на сајтот на Гугл и почнал да истражува како може да ја привлече публиката на сајтот. Открил колку е важен SEO („Search Engine Optimization“), односно оптимизацијата на сајтот за пребарување.
„Бев целосно воодушевен. Почнав малку да чачкам овде и онде, да го применувам она што го научив и одеднаш, почна да работи. Мојот татко почна да добива нови работи, и тоа благодарение на сајтот“, се сеќава Лалоши.
Основање на бизнис
Лалоши почнал да им помага на другите, нудел SEO услуги сосема бесплатно. Како што вели самиот бил момче кое никогаш не би рекло дека луѓе за тоа ќе му плаќаат. Потоа наишол некој кој му понудил 500 долари да направи оптимизација за сајт, и бизнисот наречен „SEO Guys Inc“ е роден. Тогаш уште не го сфаќал тоа-дека почнува да работи за себе. Учел и често дознавал нешто ново. Набрзо нашол ментори. Често бил во потрага за луѓе кои го работеле она што тој сакал да го постигне.
Сега, со 20 години Лалоши нуди SEO услуги за компании во Форт Лодердејл, но и ширум Америка.
Секако,неговиот милионски бизнис не се случил преку ноќ, но не се случил ни по некој случај.
„Почнав со еден клиент, но сакав да бидат се повеќе . Почнав сам да контактирам фирми, имаше по 80, 100, 150 повици секој ден. На почетокот беше многу тешко да им се објасни на луѓето дека за SEO e потребно да се инвестира најмалку околу 6 месци. Потоа сам морал често да биде во потрага за заработка, и за нови клиенти. Затоа толку се јавував, бев упорен и успеав“, се сеќава Лалоши и воедно објаснува што е потребно за секој кој се занимава со SEO: стрпение, упорност и напорна работа.
Работна етика која потекнува од семејството
Лалоши вели дека често го прашуваат како му поаѓа од рака да биде така успешен на 20 години, кога повеќето негови врсници уште играат игрички и не знаат што со нивниот живот. Тој на тоа вели: „Мојата мајка и мојот татко ги напуштија сите-своето семејство, пријатели, се-само за да ме донесат во земјата каде нема да бидам ограничен со ништо. Дури ни мојот имигрантски статус не ме ограничува да го работам она што го сакам“.
Советот на Лалоши до сите кои сакаат да успеат во нешто, без разлика дали имаат свој бизнис или не, е дека мора да работат напорно, да најдат ментори, и да не мислат дека некој нешто им должи.