04 Мај, 2024
0.0246

Молкот продолжува, а од секаде тече

Објавено во: Економија, Колумни 08 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Со сигурност може да се каже дека многу нешта во економијата  на земјата би биле далеку поинакви  доколку молчењето на власта не доби размери на целосно игнорирање на јавноста.  Политиката на „молчи и толчи“ толку ги осили носителите на власта што молчењето го  издигнаа на ниво на клучен принцип на владеење и покрај ветувањата, додуша дадени пред 10 години за транспарентно вршење на власта. Што ги натера властодршците да се предомислат? Проблемот е во тоа што редовното и точно информирање  на јавноста отвора можности за дебати и критики  за политиките на власта и за начинот на нивната реализација. Тоа очигледно не и‘ одговара на врхушката на власт, бидејќи има што да крие. Впрочем, ако стручно, компетентно и чесно ги исполнува своите обврски, на власта нема да и‘ се „сронат бисерите“ од евентуални критики.  Дури може и да ги зајакне своите позиции во јавноста, бидејќи се затвара просторот за било какви  сомневања во врска со  начинот и ефектите од искористувањето на народните пари. Завесата почна да се крева кога, се‘ почесто, почна да се бара отчет за трошењето на се‘поголемите буџетски средства.  Буричкањето во буџетот ја зголеми конспиративноста  во врвовите на власта, но ги зголеми и сомневањата дека зад  нејзиното молчење  има попрозаични причини од посветеноста на работата и автократските особини на лидерот на партијата на власт. Анализите на неповолните трендови во развојот на земјата, и покрај брзиот пораст на долговите, укажаа дека зад нетранспарентноста  во работењето на власта стојат  други, многу лични и групни лукративни интереси. Обидот да се спречи остварувањето на таквите интереси на 24 декември 2012 година заврши насилно,  кога пратениците и новинарите беа исфрлени од Собранието. Груевски, не наоѓајќи законска поткрепа за политиките и постапките во остварувањето на  интересите на врхушката на власт, отворено прибегна кон насилство.  А таквиот метод не само што не можеше да го брани јавно, туку за да се оправда  мораше да се служи со прикривање на информации, со полувистини и спинување, преку пропагандистите  дебело финансирани со народни пари.  Тогаш почна да станува јасно зошто лидерот на ДПМНЕ избегнува предизборни дуели и  јавни расправи за клучни проблеми во развојот на земјата, зошто  дури ни денеска на јавноста не и‘ е презентиран  вистинскиот износ за јавниот долг, зошто не се знае колкав е бројот на државната администрација; колкави се државните трошоци за стимулирање на странските инвеститори,  дали државата на фондовите им ги плаќа средствата  што ги одобрува за ослободувањата од плаќање на персонален данок и другите придонеси од плата (за странците и за новите вработувања). Меѓутоа,  вистинате е како шило , што би рекол Груевски, кога да е ќе излезе на виделина. И навистина излезе. „Бомбите“ на Заев значително помогнаа да се демаскираат заинтересираните за молчењето во редовите на власта и дефинитивно  да се сфати дека тоа не е без „добра“ причина. Но, кога излезе, директно го боцна лидерот  и врвот од неговата власт. Јасно, како „бел ден“  се покажа дека јавноста свесно не се информираше  затоа што многу порано ќе се детектираа слабости кои се на директна штета на граѓаните, а се од корист на малкуте во власта. И така:
  • Наместо да се изгради долгорочна социјална политика која ќе зависи од развојот и ќе биде во негова функција, се водеше невидена дневна и изборно насочена популистичка политика, поради што се разнебити пазарниот стопански систем.
  • Дури откако се приврши изградбата, јавноста разбра дека се изведува проект наречен Скопје 2014 во кој се вложија над 600 милиони евра, наспроти потребите за продуктивни капитални инвестиции.
  • Ја намалуваа невработеноста, и наместо во производниот сектор, завршија со удвојување на државната администрација каде се вработуваше исклучително партиски кадар.
  • Ново „откритие“ е поттикнувањето на вработувањето  со ослободување од плаќање на персоналниот данок и придонесите од бруто плата, а притоа направија ‘ршум со пензискиот систем, така што сега и старите и ново вработените ќе стравуваат за своите пензии .
  • Порано ќе се видеше дека е залудно да се очекува динамизирање на развојот главно преку привлекување на странски инвеститори.  Во поддршката на таквата стратегија се направија и невидени антипазарни интервенции со кои на домашниот бизнис му се создаде нелојална конкуренција.
  • Дури и замолчените бизнисмени со задоцнување од една деценија , побараа да им се изедначат условите за стопанисување со странските инвеститори. Но, немаа сила да се спротивстават на бессмислениот предлог дека условите на странците се однесуваат и за нив ако работат во ТИРЗ-овите. А да не зборуваме дека тоа е апсурд за пазарно ориентирана економија.
  • Ќе се покренеше и прашањето за тоа што се стори со, во наши услови, огромните износи буџетски пари, кога со речиси дупло помал буџет (2006-2007 год.) се остваруваа дупло повисоки стапки на раст.
  • Ќе мораше да се даде и поверодостоен одговор на информациите за нерегуларно одлевање  на околу 500 милиони евра годишно во изминатата декада, отколку немуштиот одговор на гувернерот дека такви пари не поминале низ банкарскиот систем што тој го контролира.
И да не редам понатаму. Демек, ако не се обзнани, како и да не е направено. А од секаде тече. Истражувачите јасно укажуваат дека главнината на одлевањето се одвива преку фактурните измами во трансакциите со надворешните партнери. Да не зборуваме за преносот во шишиња, ташни...Без објаснување на овие состојби  не може да се симне сомневањето дека зад загадочното молчење  се прикриваат  организирани криминални  активности на власта. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски