17 Мај, 2024
0.0270

Модерен и пријатен дом… во црква

Објавено во: Стил 26 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Оваа прекрасна стара црква во холандскиот град Утрехт е користена како изложбен салон за антички мебел и концертна сала  откако ги затворила вратите за црковните служби во 1991 година. Подоцна храмот се претвора во приватна резиденција, обновена од „Zecc architect“. Од студиото ја имаат задржано историската фасада на зградата, а однатре ја претворија во пријатен и модерен дом. Црквата има високи тавани и за да создадат повеќе станбена површина, од Zecc architect прават уште еден кат со помош на модуларен под и скалила. Собите во зградата се осветлени од огромните прозорци со уникатни витражи. А поради огромиот внатрешен простор архитектите решаваат дел од ентериерот да го пренамента во екстериер - во двор и тераса. Целата реконструкција е направено, така што да не го нарушува оригиналниот архитектонски план на зградата, па таа може повторно да биде претворена во црква со отстранување на внатрешните структури.