18 Мај, 2024
0.0296

МНР контра Коѕиас - Македонија нема иредентистички претензии, туку сака да соработува

Објавено во: Македонија 12 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија не е водена од иредентизам, ниту пак има реална закана од ваква природа кон Грција, оценува Македонското министерство за надворешни работи.

Не постои никаква основа за стравување во Грција од каков било македонски иредентизам. Истакнувањето на ваква перцепција е во функција на оттргнување на вниманието од реалното попречување на евроинтегративниот процес на Република Македонија, особено по Пресудата на Меѓународниот суд на правдата, од 2011 година, велат од МНР по повод вчерашните изјави на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.

- Од македонска страна, цениме дека во рамките на процесот за градење мерки на доверба, треба да се изнајде решение за сите извори на недоверба од двете страни. Иредентизмот не е одлика на Република Македонија, која континуирано се залага за регионална соработка. Цениме, дека истото треба да биде прифатено и од нашиот јужен сосед, се наведува во соопштението од МНР. 

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас вчера за време на говорот за грчката надворешна политика во Стопанската комора на Атина порача дека Македонија не може да стане дел од Европската Унија се додека покажува иредентистички тенденции кон Грција околу спорот за името. 


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада