МНР: Изјавите на Рама и Бушати се мешање во внатрешните работи на Македонија
Објавено во: Македонија 04 Април, 2017
Остра реакција на македонското Mинистерство за надворешни работи следи по зачестените навредливи изјави и коментари од официјални лица на Република Албанија, насочени кон Македонија и нејзините граѓани.
Вчера во МНР беше повикан на Амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река.
На средбата на Река му е укажано дека изјавите на Претседателот на Владата, Еди Рама и министерот за надворешни работи, Дитмир Бушати за двонационалност и менување на уставното уредување на Република Македонија се отворено мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Eтикетирањето на Македонците како „Славомакедонци“ е навредливо и дискриминаторски кон Македонците и сите граѓани на Република Македонија.
Таквите пораки се сериозна провокација за добрососедството што Македонија сака да ги негува, прават долгорочна штета на односите во регионот и потткнуваат екстремистичка реторика, му било пренесено на Река.