14 Мај, 2024
0.0275

МНОГУ ЗАГРИЖУВАЧКА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЧОВЕЧКИОТ ВИД: Вештачката интелигенција може да активира нуклеарно оружје

Објавено во: Свет 09 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Владата на Соединетите Американски Држави мора итно и одлучно да преземе чекори за да ги спречи ризиците и заканите за националната безбедност што ги носи вештачката интелигенција. Во најлош случај, ризиците и заканите може да доведат до уништување на човечкиот вид. Ова од збор до збор се наведува во заклучокот на владината комисија на САД, кој штотуку и е претставен на јавноста.

- Сегашниот развој на вештачката интелигенција претставува сериозна и растечка закана за нашата национална безбедност. Во овој случај, можеме да зборуваме и за дестабилизација на глобалната безбедност на начини кои вклучуваат нуклеарно оружје. Вештачката интелигенција хипотетички би можела да ја надмине човечката способност да предвидува и донесува одлуки. Таква технологија моментално не постои, но експертите работат во таа насока. За само пет години, можеби ќе имаме вештачка интелигенција која во суштина размислува како човек, но е многу пати поспособна од човечкиот мозок, се вели во извештајот објавен од „Тајм“.

Извештајот го напишале тројца експерти кои ја истражувале работата во најголемите американски технолошки гиганти. Посебно загрижува фактот што поединци, сопственици и директори на овие компании, би можеле да имаат преголема моќ. Сила која може да влијае на глобално ниво.

Логичното прашање е како да се насочи и контролира понатамошниот развој на вештачката интелигенција. Една од можностите е американскиот Конгрес да го ограничи развојот на вештачката интелигенција на одредено – безбедно ниво. Дури и ако таквиот чекор суштински би предизвикал сериозна штета на Америка и нејзината економија. Експертите велат дека мора да има кочница.

Терминатор

Во спротивно, вештачката интелигенција многумина би можеле да ја претворат во оружје против кое нема безбедна заштита. Некој со лоши намери може да започне со мали проекти кои вклучуваат вештачка интелигенција и полека да добие оружје или систем и план што може да предизвика сериозна штета на поединци, компании и земји. На крајот на синџирот е целиот човечки вид.

Сетете се на филмот „Терминатор“. Како што велат авторите на истражувањето, суштината е иста. Некој има технологија од која добива моќ. Но, технологијата може да се ослободи од човечката контрола и да стане самосвесна. Во тој случај човекот е натрапник кој треба да се истреби. Преку нуклеарна војна или развој на смртоносни вируси.

Политика.рс

Можеби ќе ве интересира

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама