Многу патишта уништени - на Закинтос вонредна состојба
Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2016
На островот Закинтос во Грција е прогласена вонредна состојба поради поплавите кои направија штети.
Градоначалникот на Закинтос, Теодорос Галиатсос прогласи вонредна состојба затоа што поплавите предизвикаа сериозна штета на патиштата. Вонредната состојба ќе трае шест месеци, до 26 мај следната година.
Локални екипи ја санираат штетата на блокираните патишта и ја испумпуваат водата од поплавените домови и други објекти.
Во поплавите на островот неодамна загина најмалку едно лице.