28 Април, 2024
0.0855

ММФ знае на кое дереџе е Македонија и „бега“  да не го види крајот 

Објавено во: Економија, Колумни 04 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

По оставката на Ставрески, ММФ ја напушта македонската економска сцена, а Брисел дига „рачна“. Потегот на ММФ е очекуван,  бидејќи тие точно знаат на кое дереџе е Македонија и „бегаат“ да не го видат крајот. Премногу коинциденција за да биде случајно.  Во исто време и од Брисел почнаа со кратење на средствата од ИПА фондовите. Првите 27 милиони евра се „скинати“. Најави за нови рестрикции допрва стигнуваат. Македонија е првата земја претендент за членство во Унијата на која и’ се случило да и’ бидат скратени средства од  ИПА фондовите. Сето ова само го потврдува фактот дека „тиквата е распукана“ и тие кои имаа интерес од пласирањето на вишокот на  средства почна да стравуваат во каков тоа систем ги инвестираат и дали воопшто истите ќе можат да ги вратат. Сега е веќе појасно. По Бриселскиот потег и задолжувањето  ќе биде потешко и каматите ќе бидат повисоки. Само не ми е јасно, дали ММФ мисли дека со последниот потег  ќе се „испере“ пред македонскиот народ или си заминува за да во некоја блиска иднина се врати со решение како да ја ублажи кризата која дозволи да и’ се случи на земјата. Впрочем, ММФ беше жив сведок, да не речам, и директно инволвиран играч во истата. Сигурно ако меѓунардните финансиски службеници беа по ревносни немаа да им дозволат на нашите владини експерти да не’ донесат на дереџето на кое се наоѓаме сега. Во неколку наврати Ставревски носеше финансиски средства од меѓународните финансиски институции и тоа случајно, пред избори, нормално  за да го „појача“ гласачкото тело. Што тогаш мислеа ММФ претставниците? Да не беше Македонија во криза во каква што се наоѓа, повлекувањето на претставникот на ММФ можеше да се разбере како нормален потег. Меѓутоа, ако потегот се прави кога Фондот може да биде  од корист во надминувањето на финансиските проблеми на земјата, не може да се избегне впечатокот за јасно дистанцирање на ММФ од тековните движења во економијата, како што се забавување на растот на БДП, пораст на буџетскиот дефицит и на јавниот долг. Најавата за емисија на нова еврообврзница, без определување на намената на средствата, мислам дека беше последната капка која ја прели чашата. Со оглед на финансиската кондиција во која се наоѓа македонската економија, нормално би било  мисијата на ММФ да го зајакне своето присуство. И не само тоа , во овие моменти таа може да е од помош во надминувањето на финансиските проблеми. Не е доволно што канцеларијата во Скопје ќе продолжи да работи и ќе врши надзор на макроекономските показатели и политики. Присуството на ММФ единствено како регистратор на развојот на негативни трендови е надвор од вистинската функција која треба да ја извршува оваа меѓународна финансиска институција. За волја на вистината, ако некој треба да бара помош тоа е власта. Но, таа не само што не го прави тоа, туку од устата на поранешниот министер за финансии Ставрески, уште лани слушнавме дека  тие не сакаат  кредитни аранжмани со меѓународните финансиски институции, со цел  да  избегнат ситуација странците да ја скенираат состојбата во буџетската потрошувачка. Но, од друга страна пак,  исклучително беа горди на секое евро земено од ИПА фондовите, но Брисел пресече, ризично е да се пласират средства во земја која не ги спроведува препораките на Прибе, а кои, пак, препораки во најголем дел беа насочени кон расчистување со воспоставениот криминален систем на делување на актуелната власт. А, владата и со нов премиер и со нов министер за финансии ја  продолжува старата практика, во која нема место за Фондот. Новиот министер направи ребаланс на буџетот, со краен ефект - пробивање на лимитот на буџетскиот дефицит. На власта повеќе и’  одговара  да ангажира  средства од пазарите на капитал  кои можат да ги трошат  според потребите на политиките на лидерот. Се разбира додека и одтаму не и’ ги затворат вентилите, затоа што инвестирањето во економија која е „скарана“ со економијата и не е баш најдобар бизнис потег. Притоа, како што покажа досегашната практика, нема ни минимум транспарентност и во ангажирањето и во трошењето на средствата. Од таквата комоција популистичката влада не сака да се откаже. Таа е основа на изборната корупција, како главен лост во остварувањето на изборните победи на најголемата партија на власт. Овој пат, корупцијата мора да се зголеми.  Средства мора да се обезбедат. Не се прашува за цената. Неа ќе ја плати народот. Важно е да се добијат договорените  предвремени избори, кога и да се одржат. Во овој контекст очигледно е зошто со  ребалансот на буџетот не се прави усогласување на предвидените приходи и расходи  со намалениот раст на БДП. Беше предвидено дека БДП ќе расте со 4%, и врз таа основа беа проектирани приходите, а прашање е дали ќе се оствари и со 2%. При пад на приходите, нормално беше соодветно да се редуцираат расходите. Меѓутоа, тоа не се случи. Се посегна по она што Ставрески, веројатно, не можеше да го „проголта“. И покрај определбите во стратегијата за буџетска консолидација  за намалување на  буџетскиот дефицит се пристапи кон негово зголемување, а со тоа и кон зголемување на јавниот долг. Без срам и перде, наголемо се најавија и зголемувања на примањата на таргетираните групи гласачи. Слободно може да се каже дека од постојната владејачка коалиција не може да се очекува  пресврт во развојот на земјата. Таа ја испушти шансата за корегирање на погубната практика во буџетската потрошувачка, а новиот премиер  и министер за финансии се потврдија како извршители на  желбите и интересите на лидерот на ДПМНЕ осомничен за неколку кривични дела. Се ставија во служба на остварување на неговото верување дека евентуалната изборна победа  ќе го ослободи од одговорноста. Се’ уште не разбра дека тоа не го прави народот на избори, туку судските власти и тоа оние, специјалните. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка