18 Мај, 2024
0.0276

Млекара Здравје Радово одговараше на прашањата на најмладите

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Како се подготвува кашкавал, како се прави сирење, дали млекото се става директно во чаша ова беа дел од љубопитните прашања на над 60-тина дечиња, од неколку скопски предшколски установи кои заедно со своите наставници имаа можност да го посетат производниот погон на Млекара Здравје Радово во Куманово. На едноставен начин, близок и разбирлив за дечињата, технолозите од млекарата се обидоа трпеливо да им го објаснат целокупниот процес на создавање квалитетен и безбеден млечен производ, од фарма до место на продажба. Целта на посетата беше едукативна, со цел на децата уште од мали години да им се објасни улогата и значењето на млекото и млечните производи во нивниот развој. На лице место имаа можност да вкусат свежо млеко, како и од вкусните производи по кои е препознатлива млекарата Здравје Радово. Децата највеќе го бендисаа кашкавалот, оти покрај поделените парчиња се делеше и репете. Дефинитивно тие се и најискрените потрошували оти не знаат да сокријат ако нешто им се допаѓа. Наша задача како компанија која произведува здрави и безбедни производи e да бидеме активно вклучени во процесот на едукација на нашите најмили, децата, бидејќи пред се и ние самите сме родители, и за нив го посакуваме најдоброто. Млекото и млечните производи играат важна улога во здравиот развој на децата, нивните коски и заби. Како општествено одговорна компанија, "Млекара Здравје Радово" и во иднина ќе остане посветена на реализација на најразновидни проекти и активности, кои имаат пошироко значење за заедницата на која и припаѓа, изјавија од Млекара Здравје Радово. Во своите идни планови овој наш веќе реномиран и прифатен од потрошувачите производител планира да го зголеми портфолиото на производи, и тоа пред се со производи кои ги бараат потрошувачите.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата