16 Мај, 2024
0.0344

Младеновска смета дека Маричиќ е во право што ги прозвал јавно судиите кои одобрија гаранција за Мијалков

Објавено во: Македонија 24 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Поранешната министерка за правда Мери Младеновска Ѓорѓиевска смета дека судиите треба да се прозиваат со име и презиме во јавноста од страна на владини функционери. Ваквиот став таа го искажува по потегот на првиот човек на министерството за правда, Бојан Маричиќ, кој во средата на социјалната мрежа Фејсбук, посочи двајца апелациски судии во судечкиот совет, Ѓоко Ристов и Енвер Беџети, како одговорни за прифаќањето на гаранцијата од повеќе од 11 милиони евра за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да може да излезе од притвор.

Според Младеновска Ѓорѓиевска, за да се сменат состојбите во судството, но и перцепцијата на граѓаните, крајно време е со име и со презиме да се посочат, но и да се санкционираат сите судии што ги кршат законите.

„Контрапродуктивно е да се критикува судството во целина. На овој начин се демотивираат судиите што работат стручно, професионално и одговорно“, вели Младеновска за Дојче Веле..

Маричиќ ги повика судиите Ристов и Беџети да објаснат зошто гласале Мијалков да биде пуштен од притвор, за случајот „Трезор“, каде што е неправосилно осуден на осум години затвор.

Со јавното прозивање на судиите од страна на Маричиќ не се сложија професорот на Правниот факултет, Гордан Калајџиев, а реагираше и Судскиот совет. Потегот според нив бил влијание и притисок над судството.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното