05 Мај, 2024
0.0234

Мaкедонски компании на саем во Берлин, ќе учат за бизнисот со свежо овошје и зеленчук

Објавено во: Агробизнис 06 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Oд денеска до петок, десет македонски компании ќе бидат дел од саемската манифестација за бизнис со свежо овошје и зеленчук „Фруит Логистика 2013“ во Берлин. „Баџо“ ДООЕЛ експорт-импорт, ДПТУ „Туран Иван“ ДООЕЛ ехпорт-импорт, АД „Агролозар“, „Перминдекс“ експорт-иморт, „Агрокалем“ Неготино „Екооаза Самандов“ ДОО, АД „Гоце Делчев“ Тиквеш, АД „Агроплод“, „Фрута грозд“ и „Иви Пром“, се 10-те македонски копмпании за кои Министерството за земјоделство одвои 51 илјада евра за штандот и обезбедување простор на саемот, соопштија од Министерството. Нашите претставници ќе имаат можност да се сретнат со потенцијални купувачи, дистрибутери, консолидатори и продавачи на големо, како и да ги испитаат можностите за нови стратегиски партнерства и нови пазари. Исто така ќе добијат можност да го зголемат знаењето за најновите технологии и управувачки практики за подобрување на продуктивноста и зголемување на конкурентноста. Како организатор на престојот и учеството на „Фруит Логистика 2013“ е Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот (ИДЕАС).  

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?