„Мистериозни“ приходи го ставија „Гранит“ во позитива
Објавено во: Економија 06 Септември, 2018
1,7 милиони евра е нето добивката која најголемата македонска градежна компанија ја прокнижила во првите шест месеци.
Податоците покажуваат пад на приходите на „Гранит“ за 12 милиони евра и оперативна загуба за пола година во сума од 318.000 евра.
Во првото полугодие „Гранит“ има раст на обврските за над 11,8 милиони евра.
За шест месеци компанијата инвестираше во акции на „Комерцијална банка“ 6,9 милиони евра а благодарејќи на финансиски приходи компанијата првото полугодие го заврши со нето добивка од 1,67 милиони евра.