18 Мај, 2024
0.0301

Министерството за финансии објави оглас за 36 административци: Дома седат 1.300 вработени

Објавено во: Економија 14 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупно 36 нови администртивци ќе се вработат во Министерството за финансии. Огласот е веќе објавен, а се бараат работници на повеќе позиции. Дел од работните места се за во градовите од внатрешноста па се бараат референти за Кочани, Делчево, Кратово, Крушево и други градови. Се бараат референти за канцелариско работење со плата од околу 17.000 денари, но и извршители за повисоки позиции со плати над 23 илјади денари.


Огласот излегува во време кога се бара решение за веќе вработените во јавната администрација за која и премиерот Зоран Заев најавуваше можна рационализација. 

Нов министер за финансии е Фатмир Бесими кој е познат експерт, на функцијата предложен од ДУИ.

Во моментов на списокот на министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се уште се наоѓаат околу 1.300 вработени за кои статусот треба да се реши. 

Вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби најави дека во соработка со Јетон Шаќири, министерот за информатичко општество и администрација, во најкус можен рок ќе обезбедат распоредување на сите вработени во согласност со Охридскиот рамковен договор во државните институции/

„Треба да се најде место во државните институции за 1.300 лица кои се сега вработени во Министерството за политички систем кое го водам. Тоа ќе ни биде приоритет. Ќе ги признаеме факултетските дипломи на сите административци и ќе ги мотивираме да се надградат себе си и својата иднина да ја гледат и да ја градат во нашата земја, изјави вчера Груби.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа