15 Мај, 2024
0.0312

Министерство за финансии: Се задолжуваме за да се оддолжиме

Објавено во: Финансии 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии сака да појасни дека новото задолжување на домашниот пазар е со цел да се вратат веќе достасани долгови на државата и со тоа ги негираат обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во насока на точно информирање на јавноста во врска со аукциите на државни хартии од вредност кои ги спроведува Министерството за финансии би сакале да посочиме – државните хартии од вредност издадени со последните две аукции се стриктно за покривање на стари долгови:

  • На 07.06 по основ на стари долгови од издадени државни хартии од вредност доспеваа за враќање 499.990.000 денари. На 06.06 беше одржана аукција на државни хартии од вредност на која беа издадени хартии од вредност во ист износ колку што беше потребен за да се покријат старите долгови. Добро е да се спомене дека побарувачката на таа аукција беше четири пати поголема од запишаниот износ, или 2,1 милијарди денари.
  • Утре, на 21.06 доспеваат за враќање 343.540.000 денари стари долгови – по основ на веќе издадени државни хартии од вредност. На денешната аукција беше запишан скоро ист износ – 345 милиони денари, иако побарувачката беше над 507 милиони денари.

Ќе посочиме дека Министерството за финансии нема направено нови долгови по основ на државни хартии од вредност како што беше посочено од страна на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција, и покрај огромниот интерес за државните записи од страна на инвеститорите. Аукциите се јавни, а Министерството за финансии е транспарентно и отчетно и секој кој сака може да ги провери овие суми.

Во насока на точно и правилно информирање на јавноста известуваме и дека издавањето на државни хартии од вредност е предвидено со Буџетот за 2017 година, каде стои дека буџетскиот дефицит ќе се финансира и преку домашни извори, соопшти МФ.


Можеби ќе ве интересира

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка