08 Мај, 2024
0.0442

MИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ: Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен

Објавено во: Економија 14 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед, информираат од Министерството за финансии. 

Како што наведуваат од агенцијата, ова се должи на низата кохерентни макроекономски и финансиски политики и подобрите индикатори за управување, развој на човечки ресурси и околина за водење бизнис во однос на ББ просекот.

„Фич“ пишува дека домашната политичка ситуација е нормализирана после подолг период на „политичка парализа“ од 2014-2017 година. Согласно агенцијата, процесот на евроинтеграција останува приоритет на земјата и двигател на реформите.

„Како што наведува агенцијата, проекцијата за раст на македонската економија за годинава е 3,4% од БДП, што претставува забрзување во однос на лани. Тие очекуваат растот да биде придвижен од домашната побарувачка. Исто така наведуваат дека инвестициите во првото полугодие од годинава пораснале за 10,4%, што се должи на зајакнатата доверба на инвеститорите и на растот на кредитирањето. „Фич“ во својот извештај вели дека трендовите на пазарот на труд се позитивни со раст на вработеноста за 2,2% и намалување на стапката на невработеност за 0,7 процентни поени на 17,1% заклучно септември. Тие очекуваат растот на инвестициите и на вработеноста да бидат поттикнувачи на економскиот раст и догодина, како и растот на минималната плата, пензиите и платите во јавниот сектор. Агенцијата вели дека извозот растел брзо, 13,2% заклучно септември годинава и покрај слабостите во еврозоната, особено во автомобилската индустрија во Германија. И увозот расте брзо, придвижен главно од увозот на суровини. Државниот долг е проектирано умерено да се зголеми од 40,7% од БДП на крајот на 2019 година на 41,2%на крајот на 2021, пишува „Фич“. Владините гаранции за јавни проекти, главно поврзани за проекти за патишта се очекува да се зголемат од 8,1% од БДП во третиот квартал од 2019 на 10% во 2020 година“, стои во соопштението од Министерството за финансии. 

Банкарскиот сектор е оценет како стабилен и добро-капитализиран. Депозитите растат за 10%, додека уделот на денарски депозити во вкупните е зголемен и изнесува 61,3% во вкупните депозити. Кредитната активност е повисока за 7,4% и согласно очекувањата на „Фич“ таа ќе порасне за 8,5% догодина како резултат на зголемената побарувачка.

Инаку  во јуни годинава, агенцијата „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Северна Македонија од ББ на ББ+, што беше прво подобрување на кредитниот рејтинг на нашата земја после 13 години.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување