18 Мај, 2024
0.0269

Министерство за финансии контра Наумов: Македонија е ниско задолжена земја

Објавено во: Финансии 31 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Соопштението на дополнителниот заменик министер Наумов е манипулација – утре нема да има ново задолжување со државни хартии од вредност, туку презапишување на средствата. Тој е запознаен со тоа, и секој граѓанин кој ќе ја отвори веб страната на Министерството за финансии може да го провери овој податок, реагираат од Министерството за финансии.

Оттаму велат дека манипулација е и тезата која сака да ја пласира Наумов во јавноста дека Македонија е презадолжена земја, а демант за тоа добива од најрелевантниот извор – европската статистика Еуростат која ја рангира Македонија меѓу најниско задолжените земји во Европа и регионот.

„Да потсетиме дека во 2005 година долгот на државата изнесуваше 36,7 отсто. Денес државниот долг изнесува 41,9%, но двојно е зголемен и брутодомашниот производ. Со предвремена отплата на кредитите Македонија во 2008 година имаше историски најнизок долг од 20 отсто. Ова остави фискален простор, за време на светската економска и европската должничка криза, Владата да спроведе политика на јавни инвестиции кои го придвижија економскиот раст и помогна да се надминат последиците од глобалната економска криза“, стои во реакцијата.

Министерството за финансии потсетува дека Македонија преку кредит од Европската инвестициска банка во вредност од 350 милиони евра, во време на светската криза, кога капиталот беше тешко достапен, го поддржа приватниот сектор со пласирање на субвенционирани кредити на малите и средни претпријатија. Оваа инјекција беше силна поддршка на секторот на мали и средни претпијатија и резултираше со 7.000 нови работни места.

„Преку јавните инвестиции се стимулираат повеќе економски гранки, а истовремено се отвораат нови работни места и се создаваат трајни вредности за граѓаните. Изградбата и рехабилитацијата на патните и железничките делници на Коридорите 8 и 10, изградбата на регионални и локални патишта, гасификацијата, изградбата и модернизацијата на клиничкиот центар Мајка Тереза и регионалната клиничка болница во Штип, проектот за Подобрување на општински услуги се само дел од проектите во кои се вложуваат средства и кои ќе имаат повеќекратен позитивен ефект врз економијата и животот на граѓаните. Потсетуваме дека заклучно 2005 година долгот изнесуваше две милијарди евра, која е листата на капитални инвестиции зад овие 2 милијарди евра?“, велат од Министерството.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат