18 Мај, 2024
0.0348

Минималните плати во светот – каде е Македонија?

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во која членуваат 34 развиени земји, објави интересна статистика. На профилот на Твитер организацијата сподели графика, која ги споредува минималните плати на час по даноци, пресметани во американски долари, во неколку држави во светот. Податоците се за 2013 година.

Најнапред на рангирањето се Австралија и Луксембург со 9,54 долари и 9,24 долари на час.

На дното се Латвија и Мексико, со нивоа под 2 долари - односно 1,46 долари и 1,01 долари.

plata vo svetot

САД, каде федерално пропишаната минимална плата на час е 7,25 долари (или 6,26 долари по даноци), е рангирана на 11-то место.

За Македонија не се објавени податоци во рангирањето. Меѓутоа кај нас минималната плата изнесува 8050 месечно според најновите законски измени.

Деновиве темата е доста актуелна на собраниските седници каде жестоки дебати токму по ова прашање водат опозицијата и власта.

Опозицијата предлага минималната плата да биде зголемена од 8050 на  11 илјади денари во нето износ и да важи за сите сектори, додека од владечката коалиција велат дека предлогот е популистички.

Едните тврдат дека со повисока минимална плата ќе се подобри стандардот, другите дека стопанството тоа нема да издржи.

Според предлог законот минимална плата од 11 000 денари ќе имаат околу 50 000 работници во индустријата, висината ќе се усогласува со трошоците на живот и просечната плата, и ќе се формира фонд од 18,5 милиони евра со кој ќе се субвенционираат работодавачиоте за да не делат откази.

На крајот, без разлика дали станува збор за бруто или нето износи, ако влезе во оваа табела, нашата земја би била на дното по ниво на минималната плата.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа