15 Мај, 2024
0.0562

Минеко успешни во трансформирање од непрофитабилни во профитабилни рудници

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Еден од најголемите инвеститори на полето на рударството и енергетиката во Западен Балкан, Минеко Групација, се позиционираше цврсто како успешен реформатор од пропаднати во профитабилни рудници. Меѓународната групација на компании, со нивната инвестиција и развој на рудниците стана регионален лидер во ископување на олово-цинкова руда.

[gallery ids="203834,203835,203836,203837,203838,203839"]

Една од примарните области на фокус од бизнис стратегијата на Минеко Групацијата е ревитализацијата на преземените рудници. Групацијата работи со два рудници во Република Србија – рудникот за олово и цинк Велики Мајдан, кој беше преземен од стечај и по две и пол години реконструкција, денес е носител на економскиот напредок во регионот Љубовија.

[gallery ids="203840,203841,203842"]

Во рудникот за олово и цинк Рудник, близу Горни Милановац, по преземањето беше спроведена значителна програма за реконструкција, вклучувајќи ја реконструкцијата на целосната инфраструктура, повторно вработување на сите вработени, исплата на претходно неисплатените плати други долгови. Третиот рудник за олово и цинк е Сасе во Босна и Херцеговина, каде бројот на вработени се зголеми од 250 рудари на 520, додека целокупната инвестиција во овој рудник е поголема од 15 милиони американски долари. Денес, овие рудници поставуваат нови рекорди во експлоатацијата на руда и се грижат за подобрувањето на социо-економската состојба во нивните заедници.

[gallery ids="203843,203844,203845,203846,203847,203848"]

Како дополнување на веќе оперативните рудници, Минеко Групацијата го најави отворањето на два нови рудници. Во 2016 година рудникот за олово Олово во Босна и Херцеговина ќе започне со работа, како и рудникот за олово, цинк и бакар и Босилеград, Србија, кој ќе започне со работа во 2018 година. Во моментов, Минеко Групацијата вработува 1400 лица во регионот, а со отворањето на овие два рудници, се очекува бројот да се зголеми на околу 1900 вработени.

[gallery ids="203849,203850,203851"]

Инвестирање и овозможување на услови за постојан и непрекинат раст се основните принципи на работа и стратегијата на ниво на Групацијата. Инвестициите се пред се во рударската инфраструктура, истражувањето и потврдувањето на рудни ресурси, како и во опрема за обработка на рудата. Сето ова е дел од нашата оперативна практика, која е постојано надгледувана и подобрувана во согласност со принципите и директивите на Групацијата. Компанијата цели кон остварување на зголемена продуктивност и модернизација на рударските методи, со цел да ги зголеми капацитетите. Ова е направено во согласност со глобалните трендови и ефективната имплементација на докажани модерни технологии. Овие инвестиции треба да креираат одржлив бизнис и се надеваме дека ќе ги подобрат социјалната, економската и благосостојбата на животната средина во заедниците каде работиме”, изјави Александар Билбилов, Директор на македонската филијала на Групацијата Минеко Обоени Метали Дооел.

[gallery ids="203852,203853,203854"]

Минеко Групацијата постојано инвестира и го реинвестира својот профит во понатамошен раст на своите капацитети, што досега им го овозможуваше нивниот раст и развој. Се инвестира во технолошки решенија, рударски истражувања и подготовки за ископување, како и во зголемување на обемот на работа, модернизација на рудниците и зголемување на безбедносните стандарди на работното место. Подземните јами со кои работи Минеко се меѓу најмодерните и најопремените во регионот.

[gallery ids="203856,203855,203857"]

Во овие рударски проекти во Србија и Босна и Херцеговина се инвестирани повеќе од 55 милиони американски долари. Активните рудници кои работат под Минеко Групацијата секоја година бележат стабилен и растечки обем на ископана и преработена руда, со постојан раст на бројот на вработени, постојано и непречено исполнување на нивните обврски кон државата и трговските партнери, како и кон вработените. Освен тоа, рудниците одржуваат близок контакт и дијалог со заедниците каде работат, покажувајќи високо ниво на корпоративна одговорност.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“