16 Мај, 2024
0.0265

Минеко поднесе жалба на одлуката на тендерската комисија

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Минеко Обоени Метали Дооел, која е дел од Минеко Групацијата, поднесе жалба на одлуката за избор на најповолна понуда за доделување на концесии за експлоатација на минерални суровини за рудниците Злетово и Тораница поради кршење на тендерската постапка и неодлучување по законот за концесии.

Тендерската комисија при евалуацијата неосновано ја елиминираше Минеко Обоени Метали Дооел и со тоа ја прекрши тендерската постапка и ја оневозможи нашата компанија да учествува на електронското наддавање.  На овој начин беше ограничена конкуренцијата во електронското наддавање со што не се постигна реалната цена за концесискиот надоместок, а со тоа и оштетен буџетот на Република Македонија.

По објавување на јавниот повик за доделување на концесија за експлотација на минерални суровини за локалитетите Злетово и Тораница, Минеко Обоени Метали Дооел уредно се пријави за учество и ја подигна тендерската документација. Пред истекот на предвидениот рок, 10:00 часот на 14 Март 2016, Минеко ја поднесе апликацијата како домашно правно лице, поднесувајќи ги сите потребни документи во согласност со условите во тендерската документација, вклучувајќи банкарски гаранции од 1 милион евра.

На јавното отворање на понудите одржано на 15 Март 2016, тендерската комисија констатира дека Минеко Обоени Метали Дооел доставил некомплетна задолжителна документација и истиот ден во 16:25 часот ни доставува неофицијално известување по електронска порака, кое гласи дека нашата апликација е одбиена, а со тоа нема да учествува во фазата за јавно наддавање која се одржа следниот ден, 16 Март 2016 во 10:00 часот.

Причината за елиминација на Минеко Обоени Метали Дооел е неприфаќање на доставената Информацијата за економско - финансиска состојба доставена бидејќи во истата е наведено дека постои „застој во наплата на побарувањата“ и „пренесена загуба“.  Наведената причина за одбивање на понудата е неоснована бидејќи истата не кореспондира со условите утврдени во тендерската документација и законите кои го регулираат овој процес.

Минеко Обоени Метали Дооел во доставената Информација за економско-финансиска состојба докажува дека во текот на целиот анализирани период од страна на Централниот регистар на Република Македонија, 2013 и 2014 година, има „обезбедена финансиска стабилност, тековна ликвидност и позитивно работење“, што е во согласност со тендерските услови и законот.

Поради неоснованото елиминирање на Минеко Обоени Метали Дооел, тендерската комисијата во процесот на евалуација сторила суштински повреди на Законот за концесии и јавно приватно партнерство како и на Законот за Минерални суровини. Во жалбата доставена до Државната комисија за жалби по јавни набавки, нашата компанија бара поништување на одлуките за доделување на концесија и постапката на евалуација и повторување на истата во согласност со законите на Република Македонија.

Минеко Групацијата, како компанија во рударскиот сектор со докажани успеси и значително искуство во покренување на производство на рудници за олово и цинк во регионот, конкретно  Гросс Доо во Босна и Херцеговина; Велики Мајдан Доо и Рудник Доо во Србија, со полно право сметаме дека бевме најсериозен кандидат за јавното наддавање спроведено за рудниците „Тораница“ и „Злетово“. Работата во сите наши рудници беше започната од сопрено производство, со значителни вложувања се надградија капацитетите, а луѓето се вработија.

Веруваме дека со неоснована елиминација на Минеко Обоени Метали Дооел, а со тоа и намалување на конкуренцијата на јавното наддавање, целта на овој тендер за одбирање на најповолен понудувач не е постигната. Слободната конкуренција во рударскиот сектор не само што ја гарантира селекцијата на најповолен понудувач туку и на најдобар партнер за Република Македонија во следните 30 години, кој ќе гарантира висока продуктивност и значитлен развој во рудниците и со тоа ќе обезбеди добро платени вработувања, безбедна работни места и здрава животна средина.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“