18 Мај, 2024
0.0301

Милошоски вели дека СЈО ќе отвори предистражна постапка за сите кои зборуваат против Заев

Објавено во: Македонија 10 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска во Собранието зборуваше за Специјалното јавно обвинителство.

Тој вели дека ако членовите на ВМРО-ДПМНЕ зборуваат против раководството на СДСМ, ќе добијат пријава од СЈО.

„Ако не го толкувате Деловникот како што му одговара на СДСМ, ќе добиете пријава од СЈО. Ако Илија Димовски зборува нешто против Заев, ќе се отвори предистражна постапка од СЈО против Илија Димовски. Ако Ѓорѓе Иванов не го даде мандатот на Заев, ќе биде отворена предистражна постапка од СЈО против него. Така функционира демократијата на оние кои велат дека треба да го прекршите Деловникот, но овде секој е подеднакво важен“ - вели Милошоски. 

Радмила Шекеринска од СДСМ му одговори дека и него како голем патриот го има во „бомбите“, па затоа е нервозен и дофрла.

„СЈО било болката и тука е причината за долгите дискусии, за блокирање на Собранието за изолирана Македонија, меѓутоа тоа е ваш проблем“ - вели Шеќеринска. 

Таа им порача на колегите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија не печалела кога ги договарале тендерите и носеле гласачи од Пустец. 

Таа потсети на „бомбите“ и рече дека битката е Македонија малку да здивне од крадење и лажење кое изгледа како бесконечно. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8