19 Мај, 2024
0.2233

МИЛИОНИ ВО КАСАТА НА МВР: Колку чини часот на полицаецот при асистенција

Објавено во: Економија 26 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Поради нарачана, а неплатена полициска десетдневна асистенција, општина Сопиште се соочува со блокада. Навидум обичното асистирање стана кочница за развојот на просперитената скопска општина, но колку точно чини полициската асистениција и колкави приходи инкасира Министерството за внатрешни работи (МВР) по овој основ на годишно ниво? Фактор ги доби податоците од МВР кои покажуваат дека од 2014 година до крајот на август годинава по основ на асистенции и обезбедување во МВР се слеани над 316 милиони денари ( 5,14 милиони евра). Има посебно решение за наплата со точни одредби колку чини еден час на ангажирани работници и колку се наплаќа за поминат километар.


МИЛИОНСКИ СУМИ


Според податоците од МВР годинава по основ на обезбедување и асистенција на нивна сметка легнале над 23 милиони денари (375 илјади евра). Лани за цела година сумата собрана од оваа намена изнесува над 54 милиони денари (880 илјади евра), а во 2016 година по овој основ биле уплатени 70 милиони денари (1,13 милион евра). Во 2015 година сумата е најголема во последните неколку години и изнесува приближно 100 милиони денари (1,6 милиони евра), додека во 2014 година уплатени се 69,5 милиони денари или 1,12 милиони евра.


ДЕСЕТ ЕВРА ЗА ПОЛИЦАЕЦ ОД ЧАС


Инаку во решението за наплата на трошоците при укажување на помош (асистенција) од страна на полицијата кое датира од јануари 2013 година има посебен ценовник за секое обезбедување. Еден час на ангажиран работник чини 360 денари, а вредност на поминат километар е 60 денари.

„За укажување помош (асистенција) од страна на Полицијата заради спроведување на извршна одлука, доколку при извршувањето надлежниот државен орган односно лицата кои сo посебен закон се овластени да го спроведат извршувањето наидат на физички отпор или таков отпор може оправдано да се очекува, како и по барање за асистенција предвидена со посебен закон (за обезбедување на превоз на експлозивни материи, вонреден превоз и придружба на определени стоки и друго), подносителот на барањето за асистенција ги надоместува трошоците согласно следните вредности по работен час на ангажирани работници и поминат километар

-вредност на еден работен час на ангажиран работник – 360денари

- вредност на еден поминат километар - 60 денари, стои во решението.

Ако се бара помош од државни органи и институции што вршат јавно овластување, во врска со обезбедување на транспорт на пари и други вредносни пратки односно предмети од вредност, тогаш цените се различни. Вредноста на работен час на ангажиран работник е 600 денари, а вредноста на еден поминат километар е 60 денари.


СЛУЧАЈОТ СОПИШТЕ


Фактор веќе пишуваше дека сметката на општина Сопиште е блокирана за вкупен долг од 72 милиони денари токму за полициска асистенција. МВР го доби спорот во 2014 година, а случајот датира од септември 2010 година кога поранешниот градоначалик на општина Сопиште, Јован Ѓорѓиоски од полицијата побарал да ја обезбедува изградбата на водоводот во Патишка Река, бидејќи тамошните жители не дозволуваа водоводот да се гради. Полицајците доаѓале секој ден околу десет дена, го чувале објектот ама немале многу работа. Ѓорѓиоски дури ставил потпис на записникот, но парите не ги пратил. Сега, актуелниот градоначалник Стефче Трпковски мора да враќа, но и да има заврзани раце во однос на новите проекти во општината, а на штета на сите граѓани.

Читајте уште:

ОД ПОЛИЦИСКА АСИСТЕНЦИЈА ДО БЛОКАДА: Како заглавија граѓаните на Сопиште ни криви ни должни

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници