29 Април, 2024
0.2041

Фото: Милионерка чисти улици за добар пример на децата

Објавено во: Стил 13 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Иако е милионерка со стекнат имот од недвижнини, за да даде добар пример за своите деца педесет и три годишната Ју Јужен од градот Вухан, Кина, станува во 3 часот секоја ноќ, за да мете над 3 километри улици. -Сакам да бидам пример на мојот син и мојата ќерка. Не сакам да седам, и да ги трошам вашите пари”, вели Ју пред локалниот весник Wuhan Evening News. Ју поседува имот, во вредност околу 1.5 милиони долари, и одбива да ја напушти работата на службата за чистењето, која ја започнала пред 15 години. - Оваа работата  му помага на човекот да не ја изгуби концентрацијата и не ја  работам само поради платата, изјавила Ју. Доколку нејзините деца се откажат од своите работни места со кои исто така заработуваат плата, таа најавува дека целиот имот ќе го препише на државата. Со штедење Ју и нејзиниот сопруг во 80- те биле првите луѓе во селото кои изградиле куќа на три ката.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти