Милионер: Младите трошат пари за глупости, затоа нема да си купат сопствен дом
Објавено во: Финансии 16 Мај, 2017
Австралиски милионер и имот магнат ги советува денешните млади ако сакаат да имаат свој дом, да престенат да трошат пари за глупости како скапиот и популарен тост со авокадо на пример.
Тим Гарнер, бизнисмен во сферата на недвижниот имот, ја осуди денешната младина дека расфрла шанса да се здобие со сопствено живеалиште, бидејќи троши прекумерно за нешта како луксузна храна и кафе.
„Кога јас се обидував да го купам својот прв дом, не трошев пари за брза храна пет кафиња на ден. Очекувањата на денешните млади се многу, многу високи“, вели тој.
„Полека се насочуваме кон една нова реалност. Многу луѓе нема да имаат можност да поседуваат сопствено живеалиште кога трошат 40 долари на ден за храна и кафиња без да работат, природно, дека тоа ќе се случи“, дополнува Гарнер.
Тој не е првиот кој обрнува внимание на овој проблем. Минатата година демографот Бернард Солт коментира дека премногу млади луѓе во активна возраст висат по скапи кафулиња, наместо да штедат за купување на стан.
„Сум видел млади луѓе да порачуваат сендвичи за 22 долари. Јас можам да вечерам на овој начин, бидејќи сум средовечен и сум создал семејство и кариера. Но, како млади луѓе можат да си дозволат да се хранат на овој начин? Не треба ли да штедат и да си готват дома? Колку често излегуваат и јадат надвор? 22 долари неколку пати неделно - ете ти го првичниот депозит за куќа!“, вели тој.
Многумина ја споредуваат изјавата на Гарнер со скорешната позиција на американскиот конгресмен Џејсон Чафец кој предложи луѓето да се откажат од скапите смартфони, за да можат да си дозволат здравствено осигурување.
„Можеби ако не помине новиот iPhone, ќе можете да ги инвестирате овие стотици долари во здравје“, коментира тој.