27 Април, 2024
0.0406

Милион фунти чини гробницата во која ќе биде погребан Ричард Трети

Објавено во: Стил 21 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Ричард Трети, чиишто посмртни останки беа пронајдени под еден паркинг во Лечестер, ќе има погреб достоен на англиски крал, откако тамошната катедрала дозволи под притисокот на јавноста, ужасната од нејзината првична намера да го погреба во обичен гроб, пренесува Макфакс. Во февруари годинава беше потврдено дека скелетот пронајден минатата 2012 година во текот на ископувањето на средновековен франкистански манастир навистина му припаѓа на англискиот крал Ричард Трети, што е најголемото археолошко откритие во поновата англиска историја, со кое беше разјаснета петвековната мистерија во врска со неговото последно почивалиште. Останките на Ричард Трети, кој настрадал во битката кај Босворт во 1485 година, како последниот англиски крал кој загинал во битка, ќе бидат положени во лечестерската катедрала во централна Англија во согласност со правилата за погребување тела во близина на местата каде што се ексхумирани. Откако јавноста се побуни против планот останките на Ричард Трети да бидат закопани во едноставен гроб со обична надгробна плоча, диецезата соопшти дека ќе потроши милион фунти за организирање на закопот и гробницата којашто ја проектирале во бирото„ Van Heyningen & Haward“. Посмртните останки ќе бидат погребани во градската катедрала, откако претходно се споменуваа две можни локации на погребувањето, катедралата во Јорк и Вестминстерската опатија во Лондон. Историчарите досега сметаа дека Ричард Трети, кралот кој инаку не бил многу омилен и на добар глас, во периодот од 1483 до 1485 година, изворно е погребан во капелата на сите фратри во Лечестер по неговото загинување кај блиското поле Босворт, во последната голема битка во Војната на розите меѓу династичките фамилии Ланкестер и Јорк. Меѓутоа, по расколот на Хенрик VII со Ватикан, капелата е изгорена во XVI век и точното место на кралскиот гроб од тогаш беше непознато. Имало и мислења дека телото на Ричард Трети било фрлено во река. Истражувачите на Универзитетот Лечестер сметаа, како што подоцна се покажа исправно, дека земјиштето на коешто некогаш била подигната капелата денес е паркиралиште на градскиот совет на Лечестер. На почетокот од септември 2012 година археолозите по паркиралиштето во центарот на градот пронајдоа добро зачуван труп на маж со искривен ‘рбет и тешки повреди и од тогаш беше омилена тема на британските таблоиди. Кралот Ричард Трети стана историска и бесмртна личност се чини најмногу по заслуга на Вилијам Шекспир и неговата истоимена драма, во кој го опишува како грбав тиранин кој наредил да бидат погубени неговите два внука кои му го попречувале искачувањето кон англискиот престол, потврдувајќи го неговото реноме во историјата како немилосрден и свиреп владетел, како и по славната реченицата што славниот британски драматург му ја припиша на Ричард Терети – „Коњ, коњ! Кралство за коњ!”.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти