19 Мај, 2024
0.0250

Милијардерите „осиромашија“ во 2015 година

Објавено во: Финансии 13 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Милијардерите станаа „посиромашни“ минатата година, бидејќи нивното заедничко богатство се намали, иако Азија продолжува да „произведува“ по еден милијардер на секои три дена, покажува истражувањето објавено денеска во Ројтерс.

Преносот на средства меѓу семејства, падот на цените на суровините и посилниот долар доведоа до намалување на вкупниот износ на богатството на милијардерите за 300 млд. долари во 2015 година до 5,1 трилиони долари.

Тоа значи дека во просек секој милијардер поседува 3,7 милијарди долари, покажува истражувањето спроведено на 14 големи пазара од швајцарската компанија за управување со богатството UBS и советодавна група PwC. Бројот на милијардери во студијата е 1.397, откако тој се зголемува за 50 спрема 2014 година.

- По повеќе од 20 години на невидено создавање на богатство, втората „позлатена ера“ е во застој, се констатира во извештајот. Во минатата година САД додаваат само пет милијардери на листата на која се приклучуваат 41 Американци, но отпаѓаат други 36. Кина сепак додава на листата 80 нови.

Новите богаташи во Азија можат да учат од оние во Европа, каде што уделот на „старото богатство“, што се пренесува од генерација на генерација, е најголемо. Лидери во овој поглед се Германија и Швајцарија.

Исто така, во извештајот се наведува дека треба да биде направен најголемиот трансфер на богатство во историјата. Според податоците во документот помалку од 500 луѓе ќе предадат 2,1 трилиони долари, сума еднаква по големина со индиската економија, на своите наследници во следните 20 години.


Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат