04 Мај, 2024
0.0272

Миле Јанакиески: Владиката Агатангел беше организатор на протестите во Центар

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, обвинет за поттикнување на насилниот протест пред Општина Центар, денеска на судското рочиште рече дека тој не е одговорен за демонстрациите кои ја спречија работата на локалната самоуправа, туку дека организатор на истите бил владиката Агатангел.

Според обвинетиот, партијата ВМРО-ДПМНЕ не била организатор на протестите, а од сведоците можело да се чуе дека тоа бил владиката Агатангел, кој според Јанакиески, требало да биде повикан да сведочи.

Случајот „Насилство во Центар“ денеска требаше да продолжи со завршни зборови на обвинетите за протестот од 2013, но одбраната побара дополнување на доказната постапка.

Судот денеска не прифати нова снимка од разговор меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и Миле Јанакиески, која можеше да фрли нова слика за случувањата пред општина Центар.

Адвокатот на Јанакиески, Еленко Миланов, рече дека снимката е од 1.6.2013 година, а на истара, според одбраната, Груевски бара да се организира состанок на партиските тела.

- Сепак, таков состанок Јанакиески не можел да организира бидејќи на споменатиот датум бил на заедничка средба меѓу владите на Македонија и Србија., рече Миланов.

Единствено што Судот прифати е дека снимката е конвертирана.


Можеби ќе ве интересира

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави