19 Мај, 2024
0.0311

Милчо Манчевски контра проектот на Шилегов: Тоа е застарено размислување

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Режисерот Милчо Манчевски го изрази своето несогласување со Град Скопје околу постапката за реализацијата на проектот „Тунели под Кале“ кој  вклучува изградбата на новата сообраќајница која ќе ги поврзе општините Центар и Чаир преку продолжување на булеварот „Св. Климент Охридски“, со мост и вијадукт над реката Вардар и тунел под Скопското Кале, кон Пластичарската улица.

Во моментов се изработува основниот проект и на измените и дополнувањата на проектот за инфраструктура на идната скопска сообраќајница. Со новото сообраќајно решение на Град Скопје се предвидува од северниот до јужниот дел на главниот град, да се стигнува за 10 минути, но филмскиот работник смета дека автопат низ центарот на Скопје, плус тунел и вијадукт нема да го реши сообраќајниот хаос.

- Начинот на кој проектот е нарачан не е демократски, ама поважно е дека со ова се зголемува сообраќајот низ центарот, се зголемува загадувањето и се уништува квалитетот на живот на граѓаните на општина Центар (бучава, загадување, итн).
Град Скопје распиша тендер за изработка главен проект за инфраструктурен коридор. Тоа нема врска со изработка на студија. Студија се прави за да се подготви програмата по која се разработува проект. Приватна фирма не прави студија, оти нејзините интереси се различни од јавните, особено ако фирмата е инженерска, затоа што во таков случај не се консултирани ниту архитекти, ниту урбанисти, а за еколози и граѓани ич муабет да не правиме, пишува Манчевски.

Новиот проект освен нов мост преку Вардар во должина од 120 метри предвидува и пробивање на нов и реконструкција на стар булевар во вкупна должина од 2170 метри, 5 вкрстувања, 6 коловозни ленти, велосипедски патеки во двете насоки, пешачки патеки и дрвореди. Манчевски тврди дека администрацијата на градоначалникот Петре Шилегов не се труди доволно да го слушне гласот на засегнатите страни.

- Убаво би било да се направат и консултативни работилници како со Данците за Мал ринг (резултатите од тие работилнице сѐуште ги чекаме). Можат да се направат и јавни дискусии на кои навистина ќе има граѓани и граѓански здруженија. Ништо од тоа нема.
Значи, ниту се испочитувани граѓаните, ниту стручноста за да се скокне во ваков кардинален проект кој ќе го промени ликот на градот засекогаш. Потребата да се прави вијадукт и да се дупчи тунел се базирани врз размислување старо половина век во кое колата е најважна, а пешакот споредна пречка. Денес за градовите се размислува веќе поинаку. Колите не се пожелни во градските центри, им се одземаат ленти, се дестимулира сообраќајот, а се стимулира јавниот превоз, точаците, пешаците. Тоа од што денес страда Скопје бил проблем на Амстердам и Њујорк пред 40 години и го решиле на ваков начин, смета Манчевски.

За Градскиот урбанистички план, инаку од 1965-та, вели дека е застарен и дека не е приспособлив на денешните потреби на граѓаните.

- Ова (тунелот и вијадуктот) се проекти кои се прават според ГУП кој е скоро со истечен рок. Градоначалникот најави дека догодина ќе започне изработка на нов ГУП – и тоа е момент кога треба да се направат и студиите и проверките за сите постоечки сообраќајни коридори во Скопје со нови светски матрици на размислување. Можеби притоа – доколку навистина мора да се канат нови коли да возат низ срцето на градот – ќе се заклучи дека е подобро поврзувањето север-југ да оди покрај касарната Гоце Делчев и преку мостот кај Александар Палас. Во тој случај не само што ќе се растерети строгиот центар, туку и градежните зафати ќе бидат многу помали и поефтини, додава режисерот.

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево