19 Мај, 2024
0.0274

Микросам прослави 25 години успех, инoвaтивност и трајни вредности

Објавено во: Мои пари 06 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

“Уште ми се свежи сеќавањата кога со сопругата Лилјана го ковавме планот за основање на компанијата. Од консултантска канцеларија,станавме компанија со 150 вработени со мнозинство инженери, магистри, доктори на наука, од чудни погледи и неверувања за плановите, до респект од врвни компании,  низа препреки, рамо до рамо со најдобрите производители на машини за композитни материјали во светот. Нашата книга од 25 поглавја допрва ќе ги испишува своите продолжетоци”- истакна  Проф. д-р Самакоски.

IMG_0811

Единствената компанија која е претставник на Македонија на скоросите континенти, на крилјата на врвните светски авиони, па дури и во вселената, македонскиот бренд кој соработувајќи со врвните светски компании ја “облече” Македонија во сосема ново руво во светски очи и размери, оваа година прославува 25 години од своето постоење, 25 испишани страни кои напамет ги говорат и познаваат компании од светски калибар, и тоа ни помалку ни повеќе во полето на нудење на најкомплексните решенија од областа на современи композити и роботиката.

 Јубилејот за почит, 25-те години од постоењето на Микросам, денес, на посебен и свечен начин беа одбележаниво Центарот за Култура, Марко Цепенков во Прилеп.

“Уште ми се свежи сеќавањата кога со сопругата Лилјана го ковавме планот за основање на компанијата. Од консултантска канцеларија, станавме компанија со 150 вработени,  од чудни погледи и неверувања за плановите, до респект од врвни компании,  низа препреки, рамо до рамо со најдобрите производители на машини за композитни материјали во светот. Нашата книга од 25 поглавја допрва ќе ги испишува своите продолжетоци”- истакна Проф. д-р Самакоски.

На корпоративна прослава по повод сребрениот јубилеј на компанијата, свечено се доделија дипломите на првите магистранти на Институтот за современи композити и роботика. Вработените во Микросам, поради својата лојалност и особен придонес во развојот на компанијата примија признанија од Г-ѓа Самакоска, која не го криеше задоволството од нивното работење и успех.

(1)

“Започнавме како консултантска компанија за дизајн на електронски компоненти и машини. Согледувајќи го успехот и задоволството клиентите од креативните решенијата кои ги нудевме, решивме нашето знаењето да го примениме на дизајн и производство на сопствени машинии софтвер.Денес произведуваме целосноавтоматизирани фабрики.Потврда за нашиот успех е задоволството на клиентите во околу 40 земји во светотво кои имаме успешно инсталирани 200 производни линии. Горди сме на сите кои беа дел од оваа успешна приказна, но ние и ден денес работиме како еден тим, нашата работа се базира на знаење и на континуирана едукација, но и на беспрекорна взаемна почит. “-додаде Проф. д-р Самакоски.

Сите пристутни можеа да го погледнат и корпоративното видео, кое беше сплет на интервјуа и инсерти од работата на Микросам, а главната цел беше покажувањето на приказната од другата страна. Патот до успехот, патот до тоа како да се биде најдобар и да се постане гигант во производство во високата технологија. Решенијата на Микросам се прилагодени и дизајнирани соодветно специфичните потреби на секој купувач, тоа ги прави лидери и успешни во тоа што го прават. Во ова видео се прикажа и придонесот на Микросам за општеството, најмногу во поглед на образованието. Во 2007 година Микросам ја основа Академијата која нудибесплатни курсеви за дообука и преквалификување на кадри во областа на програмирањето, машинството, електрониката и автоматиката. Две години подоцна, Микросамго основа и првиот приватен институт во Европа од областа на техничките науки кој обавува високообразовна и научно-истражувачка дејност, со една од најсовремените лаборатории во светот во која има инсталирано опремаза сите клучникомпозитни технологии. Микросам денес е меѓу првите три компании во светот која нуди најсовремениавтоматизирани решенија во областа на композитнитематеријали и роботиката.

“Особено сум горд што Микросам во светот го препознаваат какомакедонски бренд. Ние настојуваме при секојакомерцијалнасоработкада пренесеме дел од историјата, културата и благодедите на оваа земја, гордо носејќи се со обврската да бидеме амбасадори на Македонија ширум светот.”- додаде на крајот Проф. д-р Самакоски.

Ансамбл Македонија и групата Љубојна без задолжени за одличната музика и атмосфера во Центарот за култура, Марко Цепенков во Прилеп, каде што Микросам ги прослави своите јубилејни, 25 години постоење и успешно работење.

Можеби ќе ве интересира

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда