18 Мај, 2024
0.0322

МИКРОПРЕТПРИЈАТИЕ КОЕ 10 ГОДИШНАТА ЛИЦЕНЦА ЗА ТРГОВИЈА ЈА ДОБИ ПРЕД ТРИ МЕСЕЦИ - еве која е фирмата која ќе го снабдува ЕСМ со гас, ЗА РАЗЛИКА ОД САМО 23 ЕВРОЦЕНТИ

Објавено во: Економија 29 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Само 23 евроценти е разликата меѓу цената за природниот гас која што ја понуди нашиот најголем домашен снабдувач „Макпетрол“, и онаа што ја понуди новиот „играч“ кој влезе на македонската сцена и го доби снабдувањето со гас на ЕСМ за наредните неколку месеци, „Балкан Јутилитис“.

Она што јавноста во земјава треба да го знае за „Балкан јутилитис“ е компанија која што бугарската регулаторна комисија ја категоризира како микропретпријатие и која пред помалку од три месеци, на 15 септември годинава, добила 10-годишна лиценца за трговија со природен гас. Таа компанија ќе ја снабдува Македонија со овој енергенс, откако „ЕСМ продажба“ објави дека со таа бугарска фирма е потпишан договор до 1 мај следната година.

Македонската компанија „Макпетрол“, која се досега го вршеше снабдувањето со гас во земјава, преку соопштение ја информираше јавноста дека како резултат на движењето на светските берзи, нивната цена, доколку била формирана вчера, на 28 декември, би била пониска од таа на „Балкан Јутилитис“.

Затоа овде со право се поставува едно многу битно прашање, а тоа е - од која причина е избрана токму бугарската фирма и зошто таа се фаворизира да испорачува гас во следните четири месеци, а притоа не се остава простор и други компании на месечно ниво да ѝ конкурираат со свои понуди, сè со цел гасот да биде набавен на финансиски поисплатлив начин. Мора да се спомене и дека токму државното енергетско претпријатие нагласуваше дека набавува гас за пократки периоди, за да добие што поповолни понуди, за сега, пак, да го смени принципот, и да избере една фирма која ќе доставува гас за следните четири месеци.

А, компанијата која што сега е избрана и со која се исфрла од игра домашниот снабдувач, во најмала рака би можела да се квалификува како дискутабилна. Таа е регистрирана во 2003 за да се занимава со „трговија со електроенергија, финансирање, инвестициско проектирање и експлоатација во сферата на енергетиката“, а пет години подоцна, се трансформира во акционерско друштво.

Уште една пикантерија. Она што јавноста треба да го знае е дека адресата на таа фирма е Булевар Џејмс Баучер 103, кат 1, во населбата Лозенец во Софија, но она што е уште поинтересно е дека на таа конкретна адреса се регистрирани вкупно 204 фирми.

Податоците на Регулаторната комисија на Бугарија, пак, откриваат дека на „Балкан Јутилитис“ не и одело баш најдобро. Односно, податоците говорат дека за 2019 компанијата пријавила загуба од 98.012 евра, добивка од 118.432 евра во 2020 и загуба од 33.691 евра за 2021 година. Приходите пред три години ѝ биле 127.110 евра, додека во 2021 година се намалиле на 53.600 евра. Десетгодишната лиценца за трговија со природен гас ја добива дури на 15 септември годинава, а бугарскиот регулатор ја дефинира како микропретпријатие.

Јавно достапните информации на порталот Yox откриваат дека во сопственичката структура на компанијата учествуваат бугарските државјани Тони Стефанов Баев и Максим Жеков Димов, како и Савас Агапио од Грција. Името на Баев е наведено во напис на порталот Energy Press од 2017 година, како претставник на „Виндоус интернешнл“, компанија која што е вброена во регистарот на транспарентност на Европската Унија. Истражувањето на медиумот открива дека зад оваа фирма стои рускиот олигарх Александар Лебедев.

Баев, пак, во тој текст е спомнат како дел од структурата на фирмата поврзана со рускиоттајкун.

Тони Баев, извршен директор во Балкан Јутилитис, е активен во

зделки во балканскиот енергетски сектор, и притоа токму Баев, заедно со уште едно лице се наведени како претставници на Windows International во

Регистарот за транспарентност на ЕУ.

Токму во тој текст беше наведено дека руски тајкун стои зад понудата за лиценца за гасна врска меѓу Грција и нашата држава, тогаш наведена како ФИРОМ.

Името на второто од трите лица наведени како сопственици на оваа бугарска компанија, Максим Жеков Димов, е споменато во текстот со наслов „Венецуелска пералница“, а објавен од портал којшто се занимава со истражувачко новинарство. Меѓудругото, Димов бил вклучен во структурата на компанијата „Руснефтехим“ која што продавала нафта увезена од рускиот пазар и која што припаѓала на поголем руски конзорциум.

Сите овие информации отвораат низа дилеми и прашања, меѓу кои една од најзначајните е секако зошто Македонија во идните четири месеци за снабдување со природен гас ќе се потпира на „микропретпријатие“, како што бугарската регулаторна комисија ја дефинира „Балкан Јутилитис“. Дополнително, нејасно е зошто државата избира компанија во чија што сопственичка структура се имиња на лица кои се поврзуваат со активности и со бизнисмени кои што, во најмала рака, можат да се дефинираат како дискутабилни.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра